среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ДКСК поднесе пријава за поранешни директори – Откриени злоупотреби

by Redakcija
22.05.2026
in Црна Хроника

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поднесе известување до Обвинителството против поранешни членови на Управниот одбор на ТЕЦ Неготино, кои во меѓувреме станале директори во ЕСМ, поради сомнежи дека истовремено примале плата и апанажа.

Случајот бил отворен по анонимна пријава доставена пред речиси две години, а на денешната седница антикорупционерите утврдиле дека во спорните исплати биле вклучени и поранешни членови на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, кои исто така ќе бидат опфатени во пријавата за злоупотреба на службената положба.

Според ДКСК, спорните исплати се случиле во периодот кога Владата донела одлука ТЕЦ Неготино да се спои со ЕСМ. Тогаш биле потпишани анекси на менаџерските договори, со одобрение од Надзорниот одбор, со кои било предвидено членовите на Управниот одбор да земаат и редовна плата и апанажа во траење од една година.

Според информациите објавени во медиумите, апанажите изнесувале повеќе од илјада евра месечно, додека ДКСК денеска соопшти дека за оваа намена биле предвидени околу 20.000 евра за сите директори и членови.

Случајот повторно го отвори прашањето за работењето на ТЕЦ Неготино, особено по обвинението против поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која се товари дека оддавала службени тајни на тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. Судската постапка за овој предмет сè уште трае.

Во меѓувреме, на почетокот на месецов Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, вредна 163 милиони евра, во која беа опфатени повеќе компании и поранешни функционери.

Актуелно е и судењето за предметот „Адитив“, поврзан со ЕСМ и ТЕЦ Неготино, каде што обвинети се шест поранешни директори на Електрани и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, за штета проценета на 6,4 милиони евра.

Извор: Телма.мк

Related Posts

Ножеви и пендрек во тепачка во Скопје: приведени 19-годишник и 13-годишник

01.09.2026

Претрес и апсење во скопско – МВР со детали

01.09.2026

Такси проби ограда од мост вечерва во Скопје

31.08.2026

Пукотници во Куманово во три часот наутро: Двајца на скутер пукале во „Ауди“ во движење

31.08.2026

Физичка пресметка: Тројца скопјани приведени, едно лице повредено со остар предмет

31.08.2026

16-годишник од Тетово фатен како управува „БМВ“ без возачка дозвола

31.08.2026

Препорачани Вести

ЦРКВА ВО ПЛАМЕНИ ПО РУСКИТЕ НАПАДИ: Драматични сцени од Украина по масовниот воздушен удар

3 месеци ago

Хорор – Битолчанец вработен во училиште под истрага за злоупотреба на деца

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Без струја утре повеќе населби во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре повеќе делови од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 земји од ЕУ бараат да се укине ветото во надворешната политика, Германија ја предводи иницијативата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА НЕМА РАБОТНИЦИ ВО ДРЖАВАВА. Тие што се без работа најчесто се без школо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Открено е како „Безбеден град“ ги лови и мотоциклистите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.