среда, јули 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

(ФОТО) СТРАВИЧНИ СЦЕНИ ВО БЕЛГРАД: Трамвај излета од шините и удри во зграда – има повредени, сообраќајот во хаос

by Уредник
25.05.2026
in Балкан

Сериозна сообраќајна несреќа се случила утринава во белградската населба Дорќол, кога трамвај излетал од шините и директно удрил во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“.

Инцидентот се случил околу 9:30 часот, а според првичните информации, повеќе лица се пожалиле на повреди. Според неофицијални податоци, околу десетина лица пријавиле повреди, додека две жени кои се наоѓале во зградата во која удрил трамвајот се здобиле со полесни повреди.

На фотографиите и снимките што се шират на социјалните мрежи може да се види трамвајот кој под засега неутврдени околности излегол од шините и со силен удар завршил во објектот на аголот од двете улици.

Очевидци опишуваат драматични сцени непосредно по несреќата.

„Се движеше нормално, а потоа се слушна звук како да вози по калдрма. Беше како земјотрес. Луѓето скокаа низ прозорците“, изјавил очевидец за српските медиуми.

Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, додека полициски екипи вршат увид за да ги утврдат причините за инцидентот.

Поради несреќата, трамвајскиот сообраќај во овој дел на градот е целосно прекинат, а во околината се создадени големи сообраќајни метежи, особено во правец кон Калемегдан.

Надлежните служби засега не соопштуваат што точно довело до излетувањето на трамвајот од шините, а истрагата е во тек.

Related Posts

Србија „седи“ на злато: Австралиска компанија откри наоѓалиште на вредни метали на Бобија кај Љубовија

13.07.2026

Албанија ги утврди максималните цени за лежалки на плажите

13.07.2026

„Работиме само за сметки и храна“ – сè повеќе Хрвати живеат со помалку од 1.319 евра месечно

13.07.2026

Грција заплени над два тона млечни производи од Бугарија – се превезувале без ладилник

13.07.2026
Бугарија отвора конзуларни пунктови во Србија: Пасоши и лични документи поблиску до бугарското малцинство

Бугарија отвора конзуларни пунктови во Србија: Пасоши и лични документи поблиску до бугарското малцинство

12.07.2026

Еве колку чини гирото во Грција, растат цените и на сместувањето

11.07.2026

Препорачани Вести

Падната „естетска мафија“, погледнете што вбризгувале во лице!

5 месеци ago

Заменик министерот за фунансии Јанкуловски до Бетиќи: СДСМ го удвои јавниот долг, а економскиот раст беше минимален

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Хуман гест на англиските фудбалери: Парите од секој натпревар завршуваат во добротворни цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречена голема трагедија на реката Треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Проданоски: За девет месеци обезбедивме инвестиции од 990 милиони денари, следуваат нови капитални проекти во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина нападнати пред угостителски објект во Тетово, полицијата го расчистува случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две населени места од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.