петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Страшни сцени во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни деца

by admin
25.05.2026
in Црна Хроника

Вистински хорор и драматични моменти доживеала мајка со своите две малолетни деца во кичевското село Другово, откако биле нападнати од две кучиња од расата ротвајлер за време на обична прошетка.

За целиот случај сведочи самата мајка преку емотивна објава на социјалните мрежи, каде ги опишува моментите на страв и паника, барајќи итна реакција од институциите и одговорност од сопственикот на кучињата.

Според нејзиното сведоштво, нападот се случил ненадејно кога двете кучиња почнале агресивно да лаат и да се движат кон нив. Во обид да ги заштити своите деца, таа го кренала помалото дете во раце, додека со другата рака се обидувала да го задржи поголемото девојче.

Но ситуацијата за неколку секунди прераснала во вистински кошмар.

„Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатонот. Додека се обидував да го спасам, се појави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ме фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето“, сведочи мајката.

Драмата дополнително се влошила кога во непосредна близина поминувал автомобил кој нагло закочил. Според нејзиниот опис, детето кое било влечено од кучињата по подлогата завршило непосредно пред предното тркало на возилото.

Со последни сили успеала повторно да го извлече детето и да побегне кон дворот на соседите, каде се засолниле. Но, како што тврди, кучињата продолжиле да ги следат и по нападот.

Во инцидентот едно од децата се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани и медицински третирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Дополнителен револт кај мајката предизвикала реакцијата на сопственикот на кучињата, кој според нејзините тврдења не покажал загриженост за состојбата на децата.

„Сопственикот ладнокрвно прокоментирал дека на детето не му е ништо“, наведува таа.

Случајот веднаш бил пријавен во Министерството за внатрешни работи од страна на Службата за итна медицинска помош, а мајката веќе дала официјална изјава во полициска станица.

„Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете – утре може да биде нечие друго. Барам одговорност и реакција од надлежните институции. Никој не смее да поминува низ ваков страв и траума“, апелира мајката.

Се очекува надлежните институции да постапат по пријавата и да ги утврдат сите околности околу случајот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ѝ ветиле приватизација на земјиште, останала без 117.000 денари

23.10.2026

Го ограбиле и го принудувале да земе брз кредит – МВР со детали

23.10.2026

Контрола во локал во Тетово: Кај сопственикот пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја

23.10.2026

Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

22.10.2026

Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

22.10.2026

Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

22.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

7 месеци ago

Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Ѝ ветиле приватизација на земјиште, останала без 117.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Го ограбиле и го принудувале да земе брз кредит – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лекари и студенти по медицина се приклучија на протестите против владата на Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен преглед на Македонската берза: промет од 50,46 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.