Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, а најголемото изненадување е отсуството на играчи од Реал Мадрид.
За првпат по подолг период, во составот на „црвената фурија“ нема ниту еден фудбалер на мадридскиот гигант, што веќе предизвика бројни реакции во шпанската спортска јавност.
Шпанија ќе настапи во група со Капе Верде, Саудиска Арабија и Уругвај, каде ќе се обиде да стигне до завршницата на турнирот со нова генерација играчи.
Покрај главниот список, селекторот повика и неколку млади фудбалери кои ќе учествуваат во подготовките, но останува да се види дали некој од нив ќе добие место во конечниот тим во случај на повреда.
На списокот се најдоа голманите Унаи Симон, Давид Раја и Жоан Гарсија.
Во одбраната се Педро Поро, Маркос Љоренте, Ејмерик Лапорт, Пау Кубарси, Марк Пубил, Ерик Гарсија, Марк Кукурела и Алекс Грималдо.
Средниот ред го сочинуваат Родри, Зубименди, Педри, Микел Мерино, Фабиан Руиз, Дани Олмо и Гави.
Во нападот се Нико Вилијамс, Алекс Баена, Микел Ојарзабал, Феран Торес, Борха Иглесијас, Јереми Пино, Ламин Јамал и Виктор Муњоз.
…












