понеделник, октомври 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Битола станува атрактивна дестинација за инвестиции и економски развој

by Redakcija
27.05.2026
in Република, Топ Вести

Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на идеи и иницијативи за економски напредок на регионот.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека и Владата и локалната самоуправа активно создаваат услови за нови инвестиции и реализација на проекти кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните и развој на целиот пелагониски регион.

Тој нагласи дека клучните области во кои се очекува зголемување на инвестициите се економскиот развој, патната инфраструктура, животната средина, урбанизмот, спортот, младите, културата и културниот туризам.

„Патната и железничката инфраструктура се многу важни за инвеститорите, а со тоа и за инвестициите кои тука се вложуваат или ќе се вложуваат во иднина“, посочи Коњановски.

Како еден од најзначајните проекти за регионот, тој ја издвои изградбата на автопатот Прилеп – Битола, како и останатите патни делници кои ќе овозможат побрзо и помодерно поврзување со главниот град.

Коњановски се осврна и на железничката инфраструктура, нагласувајќи дека железничката линија до индустриската зона „Жабени“, односно до границата со Грција, веќе е реконструирана, а се работи и на финализирање на проектот од грчка страна.

Според него, со комплетирањето на железничкото поврзување, Битола директно ќе се поврзе со Солунското пристаниште, што ќе претставува значителен поттик за економијата, транспортот и новите инвестиции во регионот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата

11.10.2026

Тоневски од Пробиштип со честитка за 11 Октомври: Вечна слава на борците за слобода!

11.10.2026

Жестока дебата помеѓу Илија Димовски и Андреј Ковачев на ФБ: Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија

11.10.2026

Коњановски: 11 Октомври е симбол на отпорот и борбата за слобода на македонскиот народ

11.10.2026
Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

11.10.2026

Тоневски: Се оспособува патот до Јамиште во Пробиштип, следува расчистување кон Шталковица

10.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

МВР алармира: Не наседнувајте на оваа СМС порака – се крадат податоци

5 месеци ago
Муцунски: ЕУ останува стратешка цел, но бара национален консензус и сериозни реформи

Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

3 месеци ago

Популарни Вести

  • „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Борци од Леринско во ослободено Скопје: Фотографија потсетува на Првата егејска бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Остра порака од Трамп до Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски му одговори на Трамп: Дајте ни 60 дена целосно примирје и ќе организираме избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.