ЈКП „Водовод“ Битола информира дека поради извршување активности околу санацијата и враќањето на теренот во првобитна состојба, по дефектот на водоводната линија на улицата „Васко Карангелевски“, денеска без водоснабдување ќе останат повеќе корисници.
Без вода ќе бидат корисниците од зградите Ремо, 64, 85 и Веро, како и жителите на улицата „Игњат Атанасовски“ од број 19 до број 25.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 13:30 часот и ќе трае до целосно завршување на активностите.
Од ЈКП „Водовод“ Битола им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето.
…












