сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата ја продолжи мерката за пониски акцизи на горивата до 15 јуни

by admin
31.05.2026
in Македонија, Република

Владата донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел дополнително олеснување за граѓаните и стопанството во услови на нестабилни движења на светските пазари на енергенси.

Одлуката беше усвоена на денешната владина седница, а паралелно со тоа е постигнат договор и со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата ОКТА, која од 1 јуни ќе воведе дополнителен попуст од два денари за секој литар гориво.

Според пресметките на Владата, комбинацијата од продолжените намалени акцизи и дополнителниот попуст треба да доведе до значително намалување на малопродажните цени. Очекувањата се дизел горивото да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека бензините да бидат поевтини за околу 1,5 денар по литар.

Од Владата посочуваат дека мерката претставува директна поддршка за граѓаните, транспортните компании, земјоделците и целокупниот бизнис-сектор, бидејќи пониските цени на горивата ќе придонесат за намалување на трошоците за живот и работење, како и за одржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици.

Во владиното соопштение се наведува дека институциите остануваат посветени на политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ќе продолжат со мерки насочени кон заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува дополнителна стабилизација на цените на горивата и нагласи дека Македонија и понатаму ќе остане меѓу земјите со најниски цени на нафтените деривати во регионот.

Инаку, конечните одлуки за висината на малопродажните цени на горивата ги носи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, која редовно ги усогласува цените согласно движењата на светските пазари.

Related Posts

Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

18.09.2026

Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

18.09.2026

Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

18.09.2026

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

18.09.2026

Препорачани Вести

Министерството за здравство: Новиот закон за заштита од пушење со фокус на превенција, не на казни

8 месеци ago

ВИДЕО: Пожар над скопско Моране

1 месец ago

Популарни Вести

  • Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.