петок, јули 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Згрижувачките семејства се вистински херои кои им даваат љубов и надеж на децата

by Redakcija
01.06.2026
in Република, Топ Вести

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна улога во обезбедувањето сигурна и топла семејна средина за децата на кои им е потребна грижа и поддршка.

Проданоски нагласи дека секое дете заслужува да расте во дом исполнет со љубов, разбирање и сигурност, а згрижувачките семејства се пример за хуманост и несебична посветеност.

„Згрижувачките семејства се вистински херои на нашето време. Тие им отвораат дом и срце на децата кои поминуваат низ животни предизвици и им овозможуваат нова надеж, топлина и чувство на припадност“, порача Проданоски.

Тој посочи дека Прилеп е пример за солидарност и општествена одговорност, имајќи предвид дека од вкупно 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, дури 25 се од Прилеп.

„Овој податок е доказ за хуманоста на нашите сограѓани, но и поттик за сите кои имаат можност да размислат за оваа благородна мисија и да станат дел од семејството на згрижувачи“, истакна градоначалникот.

По повод денешниот празник, Општина Прилеп организираше средба со претставници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства од Битола, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп и згрижувачките семејства од општината.

Проданоски потенцираше дека Општина Прилеп останува посветена на развојот на социјалните политики и поддршката на ранливите категории граѓани преку реализација на проекти и услуги кои придонесуваат за подобар квалитет на живот.

На крајот, тој упати честитки до сите деца со желба да растат среќно, безгрижно и исполнето, како и до сите згрижувачки семејства кои секојдневно покажуваат дека љубовта и грижата можат да променат живот.

„За секое дете да расте во семејство“, порача градоначалникот на Прилеп.

…

Related Posts

Клиничката Болница Тетово со поддршка за Гостивар: Подготвени сме да помогнеме со капацитети и кадар

17.07.2026

ВИДЕО – Проданоски: Прилеп е подготвен за почетокот на 23. Пиво Фест

17.07.2026

Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

16.07.2026

Општина Пробиштип: Нови субвенции за инвертер клими, сончеви колектори и велосипеди за домаќинствата

16.07.2026

Голем дел од Тетово утре ќе биде без струја

16.07.2026

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција

16.07.2026

Препорачани Вести

Крадци си подигнале “неповратен кредит” – ограбени две продавници за пари во Скопје

6 месеци ago

Страшни сцени во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни деца

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Клиничката Болница Тетово со поддршка за Гостивар: Подготвени сме да помогнеме со капацитети и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Бренда Фрикер, легендарната „Жена со гулабите“ од „Сам дома 2“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со камења нападнал даночни инспектори кај „Камени Кукли“, Обвинителството бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во кои земји се работи најдолго? Новите бројки од ЕУ изненадуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова владина одлука за нафтата и нафтените деривати – кризната состојба продолжена до 20 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.