петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Водиме одговорна фискална политика, да ги исполниме сите обврски кон доверителите и да обезбедуваме услови за економски раст

by Redakcija
03.06.2026
in Економија, Топ Вести

3 јуни 2026, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра и дека сите  средства потребни за отплата на еврообврзницата беа однапред планирани и обезбедени. Средстата беа депонирани на девизната сметка  и отплатата беше реализирана согласно планираната динамика.

„Денеска официјално е заокружена исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Со тоа, во целост ја исполнивме оваа обврска кон инвеститорите. Средствата од наша страна беа исплатени уште минатата недела, а денеска тие се веќе пристигнати на сметките на инвеститорите. Како што е познато, во февруари годинава предвреме отплативме дел од оваа еврообврзница во износ од 383,7 милиони евра. Нашата цел беше со средствата обезбедени преку еврообврзницата издадена во јануари 2026 година да извршиме предвремен откуп и на тој начин да оствариме заштеди по основ на камати. На тој начин во буџетот заштедивме 3,2 милиони евра“, појасни министерката на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа потенцира дека ова е дел од пошироките активности што континуирано ги презема Министерството за финансии за навремено и редовно сервисирање на сите обврски на државата и дека од втората половина на 2024 година, кога ја презедовме одговорноста за управување со јавните финансии, па до денес, сервисирани се обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра и дека во наредниот предиот доспеваат за отплата 9 милијарди евра и дека ќе продолжи процесот на внимателно управување со обврските.

„Во втората половина на 2024 година беа исплатени 786 милиони евра, во текот на 2025 година 2,198 милијарди евра, а во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра. Во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра. Дополнително на тоа се и 12-месечните задолжувања во период од 2026-2031 што значи на годишно ниво околу 1 милијарда евра државни записи кои доспеваат и се враќаат во континуитет“, истакна министерката.

Таа додаде дека станува збор за обврски кои се веќе познати и се дел од среднорочната стратегија за управување со јавниот долг и дека во периодот што следува ќе се продолжи со внимателно планирање и навремено обезбедување средства за нивно сервисирање.

Според министерката ова е реалната состојба со која се управува и на која се пристапува одговорно и транспарентно. Нашиот фокус, рече, е насочен кон сегашноста и иднината, навремено сервисирање на сите обврски, зачувување на кредитниот рејтинг на државата и обезбедување стабилност на јавните финансии. Истовремено остануваме цврсто посветени на фискалната консолидација, постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и обезбедување средства за инвестиции и развој. Тоа е концептот што го спроведуваме од првиот ден и кој има за цел да обезбеди одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.

На прес-конференцијата, на која премиерот се осврна на последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 2026 година, рече дека паралелно со навременото сервисирање на обврските, економијата продолжува да испорачува позитивни резултати.

„Денешните податоци за економската активност се уште еден показател дека можеме истовремено да водиме одговорна фискална политика, да ги исполнуваме сите обврски кон доверителите и да обезбедуваме услови за економски раст. Во таа насока, продолжува реализацијата на капиталните инвестиции, буџетскиот дефицит постепено се намалува, а јавниот долг се одржува на стабилно и одржливо ниво. Нашата определба останува непроменета постепена фискална консолидација, намалување на дефицитот, одговорно управување со јавниот долг и создавање услови за повисок економски раст. Крајната цел на сите овие политики е резултатите од економијата, во време на глобална неизвесност, да се почувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните преку повисок животен стандард, повеќе инвестиции и подобри можности за развој“ посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Related Posts

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Саудиска Арабија прекина дел од испораките на нафта за Европа

17.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

17.09.2026

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгра и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

17.09.2026

Енергетската заедница со позитивна оценка: Македонија напредува со обновливите извори

17.09.2026

Препорачани Вести

Клиничката болница Тетово со соопштение за вработувањата

6 месеци ago
Европските градови доминираат на глобалната листа на најдобри градови за живот

Европските градови доминираат на глобалната листа на најдобри градови за живот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не застанал на полицајците, па тргнал во бегство – но не стигнал далеку

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски стартап со глобални амбиции: „Прилог“ сака да стане новиот GitHub за инженерските тимови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од понеделник химната ќе се интонира пред почетокот на наставата во училиштата во Гази Баба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.