четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Пензионерите и кредитокорисниците најпогодени од новиот бран банкарски поскапувања

by Redakcija
04.06.2026
in Економија

Од 1 август граѓаните ќе се соочат со ново зголемување на банкарските провизии, при што дел од услугите поскапуваат и над 30 отсто. Најновите измени на тарифниците што ги најавија дел од поголемите банки во земјава опфаќаат низа секојдневни банкарски услуги.

Најизразено зголемување има кај плаќањето сметки на шалтер, каде што провизијата се зголемува од 90 на 120 денари по трансакција. Ова директно ќе ги засегне граѓаните кои не користат дигитално банкарство, особено пензионерите и повозрасната популација.

Поскапувања се воведуваат и кај сметките за пензионери, каде месечните надоместоци растат од 20 на 25 денари за основните пакети, односно од 30 на 35 денари за повисоките. Дополнително, се зголемуваат и трошоците за девизните сметки, кои ќе се наплатуваат по 35 денари месечно по валута, наместо досегашните 30.

Промени има и кај станбените кредити, каде се воведува нова еднократна провизија од 1 до 1,5 отсто од износот на кредитот. Во зависност од условите, овој трошок може да достигне и до 60.000 денари, што претставува значително финансиско оптоварување за кредитокорисниците.

Зголемени се и надоместоците за меѓународни плаќања, вклучувајќи СВИФТ и СЕПА трансфери, како и провизиите за користење дигитално банкарство и картични услуги. Дел од банките воведуваат и нови месечни и еднократни трошоци за електронски сервиси, иако во последните години токму тие се активно промовирани.

Од Народната банка реагираа дека се „непријатно изненадени“ од ваквите одлуки на дел од банките, оценувајќи дека тие не одат во прилог на поттикнување на електронските плаќања и намалување на трошоците за граѓаните.

Економските аналитичари предупредуваат дека новите тарифници ќе значат дополнителен товар за домаќинствата, особено во услови на растечки трошоци за живот, а останува отворено прашањето дали и останатите банки ќе го следат истиот тренд.

Извор: Слободен Печат

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Панично купување во БиХ: граѓаните прават залихи од брашно и масло, дел од нив пазаруваат во Хрватска

8 месеци ago
Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Аларм во Грција: 65 заболени и шест починати од вирусот Западен Нил

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.