среда, јули 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Велосипедизмот, културата и младинскиот активизам се вредности што треба да се негуваат

by Redakcija
04.06.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршниот настан од проектот „Педали и приказни“, со кој беше заокружен шестмесечен циклус на активности насочени кон промоција на велосипедската култура, младинскиот активизам и заштитата на животната средина.

Проектот го реализираа Форумот за авангардна креативност – ФАК Прилеп и здружението „Go Green“, со поддршка од фондацијата HEARTEFACT и Амбасадата на Швајцарија.

Централен настан беше промоцијата на новиот мурал во дворот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, кој го изработија учениците под менторство на професорот Методи Исков. Преку својата креативност, младите испратија порака за значењето на одржливата мобилност, велосипедизмот и грижата за животната средина.

Во рамки на настанот беше организирано и велосипедското дефиле „Критична маса“, кое започна од плоштадот „Александрија“ и заврши во дворот на училиштето. Настанот беше дополнет со музичка програма, настап на училишен бенд и диџеј-сет на учениците од СОУ „Ѓорче Петров“.

Во своето обраќање, Проданоски ја истакна важноста од поддршката на младинските иницијативи и нивното активно вклучување во заедницата.

„Преку вакви проекти се создаваат нови можности за младите, се поттикнува културниот живот, се развива граѓанската свест и се градат вредности кои придонесуваат за поубава и поодржлива иднина за сите“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека Прилеп останува град кој ги поддржува образованието, културата и младинскиот активизам, а Општината ќе продолжи да биде партнер на иницијативите што придонесуваат за развој на локалната заедница.

Од Општина Прилеп упатија благодарност до сите институции, организации, наставници, волонтери и ученици кои учествуваа во реализацијата на проектот, оценувајќи дека „Педали и приказни“ е уште еден успешен пример за соработка меѓу младите, образовните институции и граѓанскиот сектор.

…

Related Posts

Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции

22.07.2026

Општина Пробиштип: Повик до граѓаните за пријава на штети од невремето

22.07.2026

Општина Прилеп со итен апел: Бидете внимателни поради најавеното невреме

22.07.2026

Делови од Тетово, Брвеница и други тетовски села утре ќе бидат без струја

21.07.2026

Прогласена кризна состојба во Гостивар

21.07.2026

Мицкоски: Историската посета на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави

21.07.2026

Препорачани Вести

Во Лос Анџелес вечерва се одржува 98-то доделување на Оскарите: „Sinners“ со рекордни 16 номинации

4 месеци ago

Божиновска: Модернизацијата на енергетскиот систем и зелената транзиција се врвен приоритет

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Тетовец приведен во полициска станица по пријава од сопругата за закани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Реформите во енергетиката ќе донесат посигурен систем и придобивки за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ветер од 134 км/ч беснеел во Македонија – УХМР објави детали за орканот што направи хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРАНСКИ ТУРИСТ ПОВРЕДЕН ОД ПАД НА ДРВО ВО СКОПЈЕ: 22 лица побарале помош по силното невреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.