петок, септември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Имам причини за оптимизам, следуваат нови можности за Македонија

by Redakcija
07.06.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за иднината на евроинтегративниот процес на Македонија, посочувајќи дека неодамнешните средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц му дале јасна слика за следните чекори на Европската Унија кон земјата и регионот.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека токму преку директните разговори со највисоките европски лидери добил увид во новите иницијативи и механизми што се подготвуваат за Западен Балкан.

„Оптимист сум. Само јас имав средби со Макрон и Шолц и точно знам што следува за Македонија“, порача премиерот.

Тој нагласи дека Владата останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени без претходни и јасни гаранции од Европската Унија за заштита на македонскиот идентитет и националните интереси.

Според Мицкоски, Франција и Германија работат на нов пристап кој ќе овозможи поблиска интеграција на земјите од регионот во европските политики и програми, без потреба од измени на постојните договори на Унијата.

„Нивото на односи помеѓу Западен Балкан и Европската Унија е на многу повисоко ниво, ни се отвораат многу повеќе механизми и алатки коишто ќе ги користиме во периодов“, изјави премиерот.

Тој додаде дека во разговорите со европските партнери било констатирано дека Македонија е меѓу најактивните држави во спроведувањето на реформите предвидени со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Иако не откри конкретни детали од билатералните средби, Мицкоски посочи дека дипломатските разговори остануваат доверливи, но изрази уверување дека претстојниот период ќе донесе нови можности за земјата на европскиот пат.

Related Posts

Македонците ќе плаќаат 20 евра за ETIAS: Ново правило за патување во ЕУ

11.09.2026

Врховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените ќе излезат од затвор

11.09.2026

Нова можност за станарите: До 2027 година ќе можат да побараат откуп на становите

10.09.2026

Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих ги проширува своите активности во Косово

10.09.2026

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

10.09.2026

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

10.09.2026

Препорачани Вести

Дрога и дигитална вага пронајдени во дом во Штип, четири лица лишени од слобода

7 месеци ago

Декласифициран документ на ЦИА од 1949 година: Ванчо Михаилов потпишувал договор со комунистичка Југославија

7 дена ago

Популарни Вести

  • Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Објавен конкурсот за наградата „4-ти Ноември“ за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе плаќаат 20 евра за ETIAS: Ново правило за патување во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска од следната година воведува доживотен затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.