сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува домашните компании

by Redakcija
09.06.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција вредна 8,5 милиони евра на компанијата „Макпрогрес“.

На свеченоста беше истакнато дека станува збор за инвестиција реализирана со сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел од кредитната линија обезбедена од Владата. Новиот производствен капацитет е изграден за само шест месеци и располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи наменети за домашниот и странските пазари.

Генералниот директор Глигор Цветанов информираше дека со отворањето на фабриката се отвораат 40 нови работни места, а во текот на следната година се планираат уште 40 нови вработувања поради очекуваното зголемување на производствените капацитети.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува домашните компании и инвестиции, посочувајќи го „Макпрогрес“ како пример за успешен развој на македонски семеен бизнис.

– Импресиониран сум од оваа инвестиција. „Макпрогрес“ од скромен семеен бизнис прерасна во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра. Компанијата е еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Како Влада ќе сториме сѐ што можеме за да помогнеме вакви компании да продолжат да растат и да освојуваат нови пазари, особено ако се има предвид дека најголемиот дел од производството е наменет за извоз, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ќе биде партнер на компаниите кои инвестираат, отвораат нови работни места и придонесуваат за економскиот развој на државата.

Related Posts

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Западнонилската треска се шири во Скопје и Велес

07.08.2026

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

06.08.2026

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија поставува темели за енергетска независност и зелена транзиција

06.08.2026

Николоски од Ново Село: Продолжуваме со проекти што носат развој и подобар живот за граѓаните

05.08.2026

Цела Македонија под портокалов аларм поради екстремни горештини, надлежните со важни препораки

05.08.2026

ВЛЕН: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ, Законот за правична застапеност не смее да биде блокиран

05.08.2026

Препорачани Вести

По преговорите во Женева, САД остануваат на ставот против нуклеарно вооружување на Иран

По преговорите во Женева, САД остануваат на ставот против нуклеарно вооружување на Иран

6 месеци ago

Гужва на границите – Албанците масовно купуваат гориво и храна во Македонија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се судрија патничко возило и камион на патот Гостивар – Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овој дополнителен бизнис може да ви донесе добра заработка од дома: Не ви треба голема почетна инвестиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Купила стара книга за само 30 денари, а дома сфатила што всушност пронашла: „Како да добив на лотарија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Луѓето почнаа да ставаат лимон покрај креветот: Тврдат дека решава еден голем проблем“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.