вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

На листите за операции имало и починати пациенти

by Redakcija
11.06.2026
in Македонија
Хуманост во најтешките моменти: Две трансплантации спасија животи благодарение на хумано семејство

Министерот за здравство Азир Алиу откри дека во листите на чекање за хируршки интервенции сè уште се евидентирани и пациенти кои починале, оценувајќи дека системот мора постојано да се ажурира и „чисти“ во соработка со здравствените установи.

Тој посочи дека до Министерството пристигнуваат индиции и сомнежи од пациенти за можни злоупотреби поврзани со листите на чекање, но нагласи дека во овој момент нема доволно документација тие случаи јавно да се презентираат.

– Има ситуации кога пациент, на пример со онколошко заболување, се враќа бидејќи лабораториските резултати не се соодветни за интервенција, а потоа во друга лабораторија се покажува поинаква состојба. Овие случаи мора детално да се анализираат за да се утврди дали постојат злоупотреби – изјави Алиу.

Министерот нагласи дека меѓу лицата кои се водат на листите за чекање има и пациенти кои веќе не се живи, поради што е неопходна редовна проверка и ажурирање на податоците.

– Имаме пациенти кои, за жал, веќе не се меѓу нас и тие мора да се отстранат од листите. Тоа не може да го прави само Министерството, туку заедно со здравствените установи. Затоа имаме и наши вработени на терен кои учествуваат во ажурирањето – рече Алиу.

Тој потсети дека во февруари беше пуштен во употреба порталот за електронско следење на листите за елективни хируршки интервенции, кој функционира според принципот „прв дојден – прв услужен“.

Алиу информираше и дека системот за евиденција на работното време преку отпечаток од прст моментално е во пилот-фаза и се применува во Министерството за здравство и на три клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Инфективната клиника, Торакална хирургија и Трансфузиологија.

– Системот е во пилот-фаза. Има отпор кон промените, но ова е позитивен процес бидејќи ќе овозможи реална евиденција на работното време и прекувремените часови, а истовремено ќе го намали притисокот врз оние што навистина работат – изјави министерот.

Тој додаде дека Министерството анализира и можности за евентуално пренасочување на пациенти од јавниот кон приватниот здравствен сектор, но дека засега нема донесено конечни одлуки.

…

Related Posts

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

15.09.2026

Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите

15.09.2026

Следуваат два продолжени викенди во Македонија

15.09.2026

Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса

14.09.2026

Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

15.09.2026

Што ќе се случува со платите во администрацијата – Еднаква плата за еднаква работа?

14.09.2026

Препорачани Вести

Бадникова радост во Болница „Плодност“: На свет дојдоа 14 бебиња

8 месеци ago

Хегсет: САД подготвуваат најсилни напади досега врз Иран

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Албанија откриена огромна статуа на илирската кралица Теута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.