вторник, август 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Фатен на дело и уапсен 25-годишниот штипјанец кој подметнуваше пожар на магистралата Штип – Кочани

by Уредник
13.06.2026
in Црна Хроника

Полицијата приведе 25-годишен жител на Штип под сомнение дека подметнал пожар во близина на магистралниот пат Штип–Кочани, во период кога регионот веќе два дена се соочува со сериозни огнени стихии и големи материјални штети.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Штип вчера околу 12 часот го затекнале Б.С. (25) од Штип во атарот на селото Долни Балван како пали сува трева меѓу патот и нива во сопственост на 36-годишен штипјанец.

Пожарот брзо се проширил, при што била опожарена сува вегетација и една бала детелина во сопственост на земјоделецот.

По интервенцијата на полицијата, осомничениот бил лишен од слобода, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител. Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Апсењето доаѓа по серијата пожари кои во изминатите денови ја зафатија околината на Штип.

Во гаснењето на огнените стихии учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна единица Штип, како и нивни колеги од Кочани и Свети Николе.

Првиот голем пожар избувна во средата во месноста Плуждино, на патот кон градските гробишта кај Штип. Според првичните информации, се претпоставува дека бил предизвикан од удар на гром.

Само еден ден подоцна избувна и втор пожар во близина на истата локација. Надлежните уште тогаш изразија сомневање дека огнот можеби бил намерно подметнат, а апсењето на осомничениот дополнително ги засили сомнежите за човечки фактор во дел од пожарите.

Во меѓувреме, штипјанецот кој вчера беше повреден обидувајќи се да го изгасне пожарот што ја зафатил неговата викендица, останува под лекарски надзор во Клиничката болница во Штип.

Според информациите од здравствената установа, тој се наоѓа во стабилна состојба, но поради вдишаниот чад и здобиените изгореници ќе остане на дополнително лекување.

Мажот се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака додека се обидувал да го спречи ширењето на огнот кон објектот.

Пожарот брзо се ширел поради сувата вегетација и силниот ветер кој дополнително ги отежнувал условите за интервенција.


По серијата пожари, надлежните институции повторно апелираат до граѓаните да не палат стрништа, сува трева и отпад на отворен простор, особено во услови на високи температури и засилен ветер.

Во тек е целосно расчистување на случајот, а истрагата треба да утврди дали осомничениот е поврзан и со други пожари во регионот.

Related Posts

Милионска даночна измама во Скопје

04.08.2026
Уапсена жената позната како „газдарицата“ на Камени кукли: Осомничена дека нападнала повеќе посетители

Уапсена жената позната како „газдарицата“ на Камени кукли: Осомничена дека нападнала повеќе посетители

03.08.2026
ВИДЕО – Со години тврдел дека мајка му е во Лондон, а нејзиното тело го чувал во фрижидер за да ја зема пензијата

ВИДЕО – Со години тврдел дека мајка му е во Лондон, а нејзиното тело го чувал во фрижидер за да ја зема пензијата

03.08.2026
(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: Масовна тепачка на улица во Гостивар

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: Масовна тепачка на улица во Гостивар

03.08.2026

Над 70 лица приведени во акциски контроли за дрога низ Македонија

03.08.2026

Летал со 220 км/ч по автопатот А1: Косовец приведен кај Гевгелија

03.08.2026

Препорачани Вести

Промет од 5.787.741 денари, со најголема активност кај банкарските и фармацевтските акции

3 месеци ago

Зеленски со порака до Белорусија: Отстранете ја руската опрема или ќе ја исклучиме ние

1 месец ago

Популарни Вести

  • Туркије ја продолжува успешната туристичка приказна со 25,8 милиони посетители во првото полугодие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милионска даночна измама во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По Илинден следуваат нови продолжени викенди: Еве кога се следните неработни денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен осомничен пироман за катастрофалниот пожар кај Спокејн: Изгореа најмалку 700 објекти, евакуирани 67.000 луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски научници: Првиот пациент што прими персонализирана вакцина против рак ја привршува терапијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.