понеделник, јуни 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Пожарот кај штипските села Долани и Љуботен под контрола, екипите остануваат на терен

by Redakcija
15.06.2026
in Македонија

Пожарот што избувна меѓу штипските села Долани и Љуботен во моментов е ставен под контрола, но противпожарните екипи продолжуваат со дежурства и интервенции на местата каде што сè уште има активни жаришта.

Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Благој Ренџов, информира дека утринава пожарникарите интервенирале на делови од опожареното подрачје каде што сè уште се забележува чад и тлеење.

„На терен се присутни екипи кои ќе дежураат до 15 часот. Пожарот моментално е лоциран во дол и на непристапен терен за пожарникарите. Околу пладне, кога температурите ќе се зголемат, ќе се следи состојбата за да се утврди дали постои опасност од повторно разгорување“, изјави Ренџов.

Според првичните проценки, во пожарот се зафатени меѓу 20 и 30 хектари нискостеблеста вегетација, како и дел од борова шума.

Во гаснењето на огнената стихија вчера учествувале 18 пожарникари, 14 доброволци и жители од село Долани, кои помогнале во справувањето со пожарот.

Дирекцијата за заштита и спасување ангажирала и еден „ер трактор“, кој интервенирал од воздух со цел да се спречи ширењето на огнот.

Во текот на интервенцијата, еден жител на селото се здобил со изгореници на нозете и веднаш бил пренесен на лекување во Клиничката болница во Штип.

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен, особено во најтоплиот дел од денот, кога постои ризик од повторна активација на пожарот.

…

Related Posts

УЈП пред малку излезе со одлична вест за скенирачите на сметки

15.06.2026

ВЛЕН: Албанците бараа единство и силно политичко претставување

15.06.2026

Од денеска нови правила на македонските патарини: Еве што се менува

15.06.2026

Мицкоски најави реконструкција на Владата: Разговорите почнуваат веднаш по 17 јуни

14.06.2026

ВЛЕН: Автопатот Скопје–Блаце станува реалност, она што не беше направено 24 години го реализираме за 24 месеци

14.06.2026

ТУРИСТИЧКИ ХАОС КОН ГРЦИЈА: Се чека и по четири часа на граница, километарски колони на Богородица и Дојран

14.06.2026

Препорачани Вести

Три одвоени процеси за Кочани: 25 обвинети полицајци, паралелните постапки ја усложнуваат потрагата по брза правда

3 месеци ago

Амбасадата на САД во Тирана ги предупредува своите граѓани

5 месеци ago

Популарни Вести

  • УЈП пред малку излезе со одлична вест за скенирачите на сметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот кај штипските села Долани и Љуботен под контрола, екипите остануваат на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тримесечно бебе спасено по пријава за насилство во Тетово, две лица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАТАСТРОФА ВО БРАЗИЛ: Се судрија два хеликоптери – загинаа шест лица, меѓу кои и познат американски пејач (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експертите предупредуваат: Исклучувајте ги полначите од штекер кога не ги користите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.