четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Се урна најголемиот американски бомбардер: Се стравува дека загинале сите осум членови на екипажот

by Redakcija
16.06.2026
in Свет

Воен авион од типот Б-52 „Стратофортрес“ на американските воздухопловни сили се урна во понеделникот, кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во пустината Мохаве во јужна Калифорнија. Според првичните информации, се претпоставува дека загинале сите осум членови на екипажот.

Бомбардерот, кој е наменет за носење нуклеарно и конвенционално вооружување, бил на рутински тренажен лет кога дошло до несреќата, соопшти американската војска.

Воздушните снимки од местото на несреќата, кое се наоѓа на околу 160 километри северно од Лос Анџелес, покажуваат изгорена површина во пустината со големина на фудбалско игралиште. На снимките не се забележуваат поголеми делови од леталото.

„Авионот Б-52 Стратофортрес, во кој се наоѓале осум лица за време на рутинска тест-мисија, се урна веднаш по полетувањето. Првичните показатели упатуваат на тоа дека нема преживеани“, се наведува во соопштението на воздухопловните сили.

Засега не се познати причините за падот, а американските власти започнаа истрага за утврдување на околностите што довеле до несреќата.

Б-52 „Стратофортрес“, произведен од компанијата „Боинг“, е подзвучен бомбардер со долг дострел и со децении претставува еден од клучните столбови на американските стратешки бомбардерски сили.

Ова е прва несреќа со бомбардер од овој тип по падот на Б-52 на островот Гуам во мај 2016 година, кога сите седум членови на екипажот успеаја да преживеат.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин?

05.11.2026

Зошто ЕУ советува да чуваме храна и вода за 72 часа? Што стои зад препораката на Брисел

05.11.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

04.11.2026

ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

04.11.2026

Дебакл на републиканците на изборите. Венс: Вистинската причина за поразот им е очигледна на речиси сите

04.11.2026

„Никој не очекуваше вакви бројки“: Што го чека Трамп по победата на демократите?

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Уште една земја се вклучува во војната со Иран?

7 месеци ago
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Утре дел од Тетово и две села без струја поради планирани прекини

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.