Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор.
Форумот ќе се одржи на 23 јуни, со почеток во 12:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, да се запознаат со предложените решенија и активно да се вклучат во процесот на креирање на идниот изглед на плоштадот „Гоце Делчев“.
Целта на форумот е преку транспарентен и инклузивен процес да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните, со што ќе се придонесе за поквалитетно уредување на јавниот простор во централното градско подрачје.













