четврток, јуни 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски најави промени: На некои фотелјата им станала помила од контактот со народот

by Redakcija
18.06.2026
in Македонија

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица испрати јасна порака дека претстојат промени во извршната власт, нагласувајќи дека нема да толерира функционери кои се оддалечиле од граѓаните и се занеле во привилегиите што ги носи власта.

Во своето обраќање по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека внимателно ги следи работата и однесувањето на министрите и директорите и дека добива бројни поплаки за нивната недостапност.

„Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме“, рече Мицкоски.

Тој најави дека по завршувањето на внатрепартиските кадровски промени ќе започне и процесот на промени во владините структури, потенцирајќи дека сите отстапувања од принципите на работа ги бележи прецизно.

Мицкоски истакна дека власта треба да биде во служба на граѓаните и порача дека чистиот образ тешко се гради, а лесно се губи.

„Кога јас можам да одговорам во текот на денот на стотици луѓе, сигурен сум дека тоа го може секој министер или директор. Не сакам изговори“, нагласи премиерот.

Во говорот се осврна и на почетоците на неговото лидерство во ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека пред осум години започнал од Струмица со скромни ресурси, но со голема желба за успех.

Тој порача дека иако има висок праг на толеранција и кон сите се однесува со почит, тоа не значи дека ќе дозволи несовесност или отстапување од принципите врз кои, како што рече, е изградена политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

…

Related Posts

Јовева од Европарламентот: Македонците не треба да ја плаќаат цената за туѓи политички фрустрации

18.06.2026

Муцунски во Даблин: Ирска ја потврди поддршката за европскиот пат на Македонија

17.06.2026

Кореја: Брисел не смее да навлегува во политичкиот систем на Македонија и дека тоа ги крши Копехашките критеруми на самата Европска Унија.

17.06.2026

Вајц бара наградување на напредокот на Македонија

17.06.2026
Мицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на обезбедувањето

Мицкоски: Водиме надворешна политика со аргументи, не со коленичење и гланцање чевли во Брисел

17.06.2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

17.06.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Голем број американски воени транспортери се движат кон Европа – Дали се подготвува  голема операција на Блискиот Исток?

4 месеци ago

Голема акција: шест компании останаа без лиценци за канабис

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси и апсење во Охрид – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е подготвен да биде домаќин на Пиво Фест 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Експлозии ја потресоа Москва во раните утрински часови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Изградбата на кампусот „Мајка Тереза“ напредува со добро темпо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.