недела, јуни 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Девојче се обидело да си го одземе животот поради насилството на таткото, жена скокнала од автомобил бегајќи од сопругот

by Redakcija
21.06.2026
in Црна Хроника

Насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица осомничени за семејно насилство и загрозување на сигурноста во два одвоени случаи.

Во првиот случај, постапка е поведена против 56-годишен маж кој подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Според обвинителството, иако осомничениот континуирано покажувал агресивно однесување, членовите на семејството од страв не го пријавувале. Ситуацијата кулминирала кога 15-годишната ќерка, не можејќи повеќе да се справи со заканите, навредите и притисоците од таткото, се обидела да си го одземе животот.

Во вториот случај, обвинителството поведе постапка против 33-годишен скопјанец кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. Инцидентот се случил на 20 јуни, кога осомничениот во возило ја влечел и ѝ се заканувал на сопругата, а во еден момент се обидел да ја удри со стаклено шише.

Жената успеала да ја отвори вратата од возилото и да скокне додека тоа било во движење, но осомничениот застанал и се обидел повторно насила да ја внесе во автомобилот. При инцидентот таа се здобила со телесни повреди.

За двајцата осомничени јавниот обвинител предложил повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за приближување, контактирање и посетување на местата каде што се движат оштетените лица.

…

Related Posts

Семејна расправија завршила со физички напад – поднесена пријава против 40-годишна жена

21.06.2026

Починат скопјанец пронајден во дом во Аеродром

21.06.2026

Вандали со мотори демолираат училишен двор во Аеродром, поднесени пријави против сторителите

21.06.2026

Физичка пресметка во Тетово: маж повреден со нож

21.06.2026

7 лица завршија во станица – МВР со детали

21.06.2026

Албански државјанин приведен на граничниот премин Ќафасан по инцидент со полицијата

20.06.2026

Препорачани Вести

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

5 месеци ago
Грција воведе регулации за инфлуенсерите за транспарентен и етички маркетинг

Грција воведе регулации за инфлуенсерите за транспарентен и етички маркетинг

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Полскиот екс-премиер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Дебар започна теренскиот караван на ВЛЕН – во фокус инфраструктурни проекти и локален развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Пожар во луксузен ресорт остави само пепел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кутија цигари би можела да порасне на повеќе од 11 евра – Дали треба и во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејна расправија завршила со физички напад – поднесена пријава против 40-годишна жена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.