Два автомобили целосно изгореле, а трето возило било делумно оштетено во пожар што избувнал во текот на ноќта на подрачјето на скопската општина Чаир.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 јуни околу 02:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожар зафатил патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 42-годишен скопјанец, како и возило „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички, сопственост на друго лице.
Од огнената стихија делумно било зафатено и возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки.
На местото интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за целосно расчистување на случајот.
…












