петок, јуни 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Алиу: Шест нови хируршки сали во Клиничкиот центар ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни

by Redakcija
26.06.2026
in Македонија

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу.

Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба треба да заврши процесот на верификација што го спроведуваат странски експерти. По завршувањето на оваа постапка, ќе следуваат уште три до четири дена во кои Институтот за јавно здравје ќе спроведе микробиолошки брисеви. За салите да бидат ставени во функција, потребно е три последователни резултати да бидат негативни.

Алиу истакна дека при проверките биле забележани одредени детали кои требало дополнително да се усогласат со предвидените стандарди, главно во делот на хигиенските протоколи и процедурите за започнување на хируршките интервенции.

Од шесте обновени операциони сали, две се наменети за Клиниката за ТОАРИЛУЦ, две за Клиниката за урологија, а две за Детската хирургија.

Проектот предвидува и реконструкција на уште четири операциони сали, кои ќе бидат во пасивен режим и ќе служат како дополнителен капацитет кога ќе биде потребно.

Обновата на вкупно 10 хируршки сали се реализира во две фази за да не се наруши континуитетот на работата на терцијарното здравство. Вредноста на проектот изнесува околу 282 милиони денари, односно повеќе од 4,5 милиони евра.

Од Министерството за здравство очекуваат новите хируршки сали да обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал, како и повисоко ниво на безбедност и квалитет при изведувањето на хируршките интервенции.

…

Related Posts

ВИДЕО|Радост за сите: Победничкото ѕвонче за Ана на Клиниката за детски болести

26.06.2026

Ќе се зголемуваат платите во Армијата

26.06.2026

Важни информации за возачите на товарните возила во Македонија

26.06.2026

Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Температурите ќе достигнат до 40 степени, следуваат тропски денови

26.06.2026

Почина великанот на македонската литература и енциклопедистика – Јован Павловски роден 1937 во Тетово

25.06.2026

Мицкоски: Очекуваме ново поевтинување на горивата, цените во Македонија се најниски во регионот

25.06.2026

Препорачани Вести

cigari

Кутија цигари би можела да порасне на повеќе од 11 евра – Дали треба и во Македонија?

5 дена ago
Intersport го менува малопродажниот модел во Македонија и соседството

Intersport го менува малопродажниот модел во Македонија и соседството

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Тетово: Малолетник со електричен тротинет удрил во четиригодишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Скопје и Битола – Приведени шест лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Шест нови хируршки сали во Клиничкиот центар ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Превртено комбе со приколка кај вториот тунел на автопатот Демир Капија – Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против поранешен градоначалник – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.