четврток, август 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Обвинителството потврди: 48 годишната Жена од Скопје била насилно убиена – поранешниот сопруг осомничен, приведени уште три лица

by admin
28.06.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената од скопското село Таор, чие безживотно тело беше пронајдено во близина на селото Летевци, е последица на насилство. За убиството е осомничен нејзиниот поранешен сопруг, кој е лишен од слобода, а во врска со случајот се приведени уште три лица.

Дежурен јавен обвинител, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, во текот на ноќта извршил увид на тешко пристапен шумски терен во близина на селото Летевци, каде што било пронајдено телото на 48-годишната жена.

Жртвата претходно била пријавена за исчезната во петокот, по што биле преземени интензивни активности за нејзино пронаоѓање.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото била извршена обдукција, која потврдила дека смртта настапила како последица на насилство.

Под сомнение дека го сторил кривичното дело е лишен од слобода поранешниот сопруг на жртвата, додека во рамки на истрагата се приведени и тројца негови пријатели, за кои се испитува нивната евентуална поврзаност со случајот.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека се преземаат повеќе истражни дејствија со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на мотивите и на сите околности под кои е извршено убиството.

Истрагата продолжува, а по обезбедувањето на сите докази, Обвинителството ќе донесе одлука за понатамошната кривична постапка против осомничените.

Related Posts

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила: Тешко повредено тригодишно девојче во Скопје

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила: Тешко повредено тригодишно девојче во Скопје

25.08.2026

Претепале 23-годишна девојка во Тетово, кривична за двајца 18-годишници

25.08.2026

Вештакот Марковски: Објектот бил безбеден во 2012 година, сопственикот требало да бара пренамена во дискотека

25.08.2026

Шестгодишно дете прегазено во Тетово, во тешка состојба пренесено во Скопје

24.08.2026
Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

23.08.2026

ОХРИЃАНЕЦ УАПСЕН: Бил агресивен кон член од семејството, па нападнал и полицајци

23.08.2026

Препорачани Вести

Песков го истакнува стратешкото значење на Арктикот и отвореноста кон соработка

Песков го истакнува стратешкото значење на Арктикот и отвореноста кон соработка

7 месеци ago
Вучиќ за можниот изборен пораз: Ќе им честитам, а потоа ќе им се смеам во лице и од притвор, и од затвор, и од гроб

Вучиќ за можниот изборен пораз: Ќе им честитам, а потоа ќе им се смеам во лице и од притвор, и од затвор, и од гроб

1 месец ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со силен раст: МБИ10 зголемен за 1,62 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.