петок, август 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Кејн ја спаси Англија: Пресврт против ДР Конго за пласман во осминафиналето

by Redakcija
01.07.2026
in Спорт

Screenshot

Англија со голем пресврт ја совлада ДР Конго со 2:1 и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, а херој на „Гордиот Албион“ беше Хари Кејн, кој со два погодоци го сврте резултатот во корист на својот тим.

ДР Конго шокантно поведе уште во 7. минута. По нафрлување на капитенот Шансел Мбемба, Џед Спенс лошо реагираше, а Брајан Сипенга ја искористи грешката и ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд за 1:0.

Англичаните создадоа неколку добри можности до крајот на првото полувреме. Маркус Рашфорд беше блиску до израмнување, но Арон Ван-Бисака расчисти од гол-линијата, додека Јоан Виса на спротивната страна ја погоди стативата.

Во финишот на првиот дел Хари Кејн најпрво не успеа да избори пенал, а потоа пропушти и одлична можност кога од непосредна близина шутираше директно во голманот Лионел Мпаси.

Сепак, капитенот на Англија се искупи во второто полувреме. Во 75. минута Ентони Гордон испрати прецизна топка до Кејн, кој од непосредна близина израмни на 1:1.

Само 11 минути подоцна следуваше целосниот пресврт. По одбраната на Мпаси по ударот на Џуд Белингам, Гордон повторно беше асистент, а Кејн со прецизен удар го постави конечниот резултат 2:1 и стигна до својот петти погодок на шампионатот.

ДР Конго имаше шанса да избори продолженија во судиското надополнување, но Јоан Виса не беше прецизен од ветувачка позиција.

И покрај елиминацијата, популарните „Леопарди“ оставија силен впечаток со настапите на турнирот и ја напуштаат сцената со кренати глави.

Во осминафиналето Англија ќе се соочи со кодомаќинот Мексико. Натпреварот е закажан за 6 јули на стадионот „Астека“ во Мексико Сити.

…

Related Posts

Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

21.08.2026
Денес стартува Премиер лигата, Арсенал повторно главен фаворит

Денес стартува Премиер лигата, Арсенал повторно главен фаворит

21.08.2026
Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

16.08.2026

Престон Лајонс го освои Докерти купот и обезбеди четвртфинале во Купот на Австралија

14.08.2026
(ФОТО | ВИДЕО) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН: Престон Лајонс по 34 години повторно го освои Докерти купот

(ФОТО | ВИДЕО) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН: Престон Лајонс по 34 години повторно го освои Докерти купот

09.08.2026

Престон Македонија го освои Dockerty Cup по 34 години, Тевере прогласен за најдобар играч

08.08.2026

Препорачани Вести

Потресно сведоштво на сосетка открива  детали за трагедијата во скопско  Тафталиџе: Девојчето тропало по врати и барало помош за мајката

5 месеци ago
(ФОТО) Пукна резервоар со 300.000 литри течност во фабрика во САД: Има загинати

(ФОТО) Пукна резервоар со 300.000 литри течност во фабрика во САД: Има загинати

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија сè потешко наоѓа квалификувани работници: Најголем недостиг има во овие сектори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.