четврток, јули 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Официјално: Канада ќе дебитира на Евровизија во 2027 година

by Redakcija
02.07.2026
in Магазин

Канада официјално ќе стане нова учесничка на Евровизискиот натпревар за песна и своето деби ќе го има на 71. издание на манифестацијата, кое во 2027 година ќе се одржи во Бугарија.

Одлуката следува откако канадскиот јавен сервис CBC/Radio-Canada стана полноправна членка на Европската радиодифузна унија (EBU), со што доби право да учествува на натпреварот. Канадскиот претставник најпрво ќе настапи во полуфиналето, каде ќе се бори за место во големото финале.

Засега не е познато на кој начин ќе биде избран првиот канадски претставник. Од CBC/Radio-Canada најавија дека до крајот на годинава ќе ги соопштат деталите за националниот избор.

Интересот за Евровизија во Канада веќе подолго време е во пораст. Канадските гледачи редовно гласаат во категоријата „Остатокот од светот“, а годинава земјата беше меѓу трите што испратија најголем број гласови во оваа категорија. Голем број канадски фанови присуствуваа и на овогодинешното издание на натпреварот.

Претседателката и генерална директорка на CBC/Radio-Canada, Мари-Филип Бушар, оцени дека ова е значаен момент за канадската култура, додека директорот на Евровизија при EBU, Мартин Грин, истакна дека приклучувањето на Канада е уште еден доказ дека натпреварот одамна ги надминал европските граници.

Тој потсети и на силната поврзаност на Канада со Евровизија, посочувајќи дека бројни канадски уметници настапувале на сцената на натпреварот, меѓу кои и победничката од 1988 година, Селин Дион.

Со приклучувањето на Канада, ова ќе биде првото проширување на листата на учесници по Австралија, која дебитираше на Евровизија во 2015 година. Организаторите очекуваат новото учество дополнително да ја зацврсти глобалната популарност на музичкиот спектакл.

…

Related Posts

Музичка вечер со Павле Камилоски на терасата на „Инекс Олгица“ во Охрид

02.07.2026

Македонски фолклорни ансамбли од Австралија настапија во Скопје

02.07.2026

Дневен хороскоп за 2 јули: Нови можности за Близнаците, романтика за Водолиите, финансиски шанси за Јарците

02.07.2026

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

01.07.2026

22 години од смртта на Тодор Скаловски – Тетоец – великан на македонската музика

01.07.2026

На почетокот на јули овој хороскопски знак го очекува шанса што може да му го промени животот

01.07.2026

Препорачани Вести

30-годишен скопјанец истепан од жена во ГТЦ

5 месеци ago

ДРАМА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КИСЕЛА ВОДА: Маж се обидел да прегази  работници па завршил во паркирани коли

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Музичка вечер со Павле Камилоски на терасата на „Инекс Олгица“ во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска од Приштина: Енергетската безбедност не познава граници – регионот мора да се поврзе и да настапува како еден енергетски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стравот од атентат сè поголем: Путин го зголемува бројот на луѓе што го чуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени пушки, пиштол и муниција, четворица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата со детали за нападот врз малолетничка во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.