недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија

by Redakcija
03.09.2026
in Економија, Топ Вести

Македонската економија во вториот квартал од 2026 година оствари реален раст од 4,3%, што претставува забрзување во однос на растот од 3,1% во првиот квартал годинава и е меѓу највисоките стапки на квартален раст во изминатите две и пол години, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на денешната прес-конференција на која ги презентираше последните податоци за БДП објавени од Државниот завод за статистика.


„Ако ја погледнеме целата патека, од 1,6% раст во првиот квартал од 2024 година денес сме на 4,3%. Уште поважно е што во сите десет последователни квартали во овој период економијата бележи позитивен раст, а во најголемиот дел од периодот стапките се движат околу и над 3%. Тоа е суштината на овие податоци. Не зборуваме за раст во еден изолиран квартал, туку за континуитет на економскиот раст“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.


Таа посочи дека позитивната динамика е видлива и преку споредбата на двете половини од 2024 година. Во првата половина од 2024 година економскиот раст изнесувал 2,3%, додека во втората половина забрзал на 3,6%. Во 2025 година економијата оствари реален раст од 3,5%, а позитивниот тренд продолжува и во 2026 година.


Според министерката, особено значајно е што растот во вториот квартал има широка основа и е поддржан од повеќе сегменти на економијата. Бруто-инвестициите бележат силен реален раст од 16,5%, додека извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4%, по растот од 6,2% во првиот квартал.


Позитивни резултати се остварени и на производната страна. Градежништвото бележи раст од 21,9%, преработувачката индустрија од 4,1%, трговијата, транспортот и угостителството од 4,1%, а секторот информации и комуникации од 4,3%. Финалната потрошувачка е зголемена за 2,8%, при што потрошувачката на домаќинствата бележи раст од 3,3%.


„Денес растот од 4,3% на реална, однсоно 8,3% на номинална основа го остваруваме во поинакви услови – при умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Тоа е особено значајно за мала и отворена економија како нашата, силно поврзана со европскиот пазар. Македонската економија забрзува и покрај предизвикувачкото надворешно окружување“, рече Димитриеска-Кочоска.


Министерката посочи дека стапката на раст на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1,0%, како и над стапките на раст во дел од земјите од регионот.


Таа посочи дека според достапните податоци за вториот квартал од 2026 година, со економски раст од 4,3%, Македонија е меѓу европските земјите со повисоки стапки на раст.

Повисоки стапки бележат Словенија со 5%, Данска со 4,7% и Малта со 4,5%.
„Истовремено, растот на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%. И во регионот нашата стапка на раст е меѓу повисоките – над Србија со 3,8%, Бугарија со 2,5% и Хрватска со 1,7%.

Овој резултат добива дополнително значење ако се погледне поширокиот економски контекст, имајќи предвид дека растот од 4,3% го остваруваме во услови на умерен раст на европската економија и предизвикувачко меѓународно окружување“, рече министерката за финансии.


Продолжувањето на позитивните движења, како што истакна, го потврдуваат и високофреквентните показатели. Индустриското производство во вториот квартал бележи просечен раст од околу 4%, а нискоградбата просечен раст од 53,5%. Позитивната динамика продолжува и во јули, кога индустриското производство е зголемено за 1,3% на годишно ниво, а преработувачката индустрија за 3,4%.
Паралелно со забрзувањето на економската активност, се бележи и значително смирување на инфлацијата. Годишната стапка на инфлација од 4,8% во мај се намали на 3,4% во јуни и на 2,3% во јули, односно за 2,5 процентни поени за само два месеца.


Димитриеска-Кочоска истакна дека политиките на Владата и Министерството за финансии и натаму ќе бидат насочени кон создавање услови за повисок и одржлив економски раст, реализација на капиталните проекти, поддршка на приватниот сектор и инвестициите, подобрување на деловното окружување и одговорно управување со јавните финансии.


Целта, како што нагласи министерката, е позитивните економски резултати да се преточат во повисок животен стандард за граѓаните, повеќе можности за компаниите, нови инвестиции и посилна и поконкурентна македонска економија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Сите ги фрлаат семките од лубеницата, а не знаат дека вредат како злато: Еве што треба да направите со нив

4 месеци ago

ФОТО: Приведен осомничениот за палењето на две возила пред Бугарската амбасада во Скопје

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

    Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | НЕВИДЕН ХАОС НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН: Судија во Бразил покажал дури 53 црвени картони по масовна тепачка!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АЛАРМ ПО ПОЈАВАТА НА МОРБИЛИ: Амбулантите полни со деца со висока температура, многу од нив невакцинирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОКТА ја зголеми деветмесечната нето-добивка за 361%, со силен ефект од вреднувањето на залихите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.