среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Пензиите се зголемени линеарно за 7.000 денари, продолжуваме со политики за подобар живот

by Redakcija
02.07.2026
in Македонија, Топ Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека пензиите за сите пензионери се зголемени линеарно за 7.000 денари, нагласувајќи дека Владата ја исполнила и надминала првичната изборна обврска за зголемување од 5.000 денари.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека мерката претставува значајна поддршка за пензионерите и дека има директно влијание врз подобрување на животниот стандард.

„Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе обезбедиме линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред и обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, според владините политики, во домаќинства со двајца пензионери зголемувањето изнесува 14.000 денари, што, како што посочи, придонесува за подостоинствен живот.

Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи со мерки насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, посочувајќи дека во минатото зголемувањата на пензиите биле минимални, додека сега се реализираат значително повисоки корекции.

„Колку-толку успеавме да ги санираме предизвиците со кои се соочуваат пензионерите и ќе продолжиме да работиме во нивен интерес“, додаде тој.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

21.10.2026

Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

21.10.2026

Општина Битола: Јапонска донација од над 80 илјади евра за училиштето „Св. Климент Охридски“

21.10.2026

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

21.10.2026

Проданоски: Поставени нови столчиња на стадионот „Гоце Делчев“

21.10.2026

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пет земји ја притиснаа сопирачката: Црна Гора со застој на патот кон ЕУ

Компромис или отстапки? Хрватските услови ја поделија политичката сцена во Црна Гора

1 ден ago

Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

1 недела ago

Популарни Вести

  • Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама со нов удар по учесниците во насилствата: Најави забрани за патување, превоз и хотели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.