Connect with us

Забава

Ова е најскапо платената љубовница во светот: Заработила милиони, најефтиниот поклон кој што го добила е 200 илјади евра! (ФОТО)

Published

on

Украинска манекенка, Јана Орфејева, како што неодамна открија странските медиуми е најплатената љубовница во светот.

Таа е љубовница на саудискиот принц и затоа секојдневно на нејзината сметка легнуват голема сума на пари.

Јана има 22 години, на социјалната мрежа на Инстаграм има околу 130 илјади следбеници, а судејќи според фотографите, многу сака да патува. На социјалните мрежи е доста активна, притоа објавувајќи фотографи од луксузни дестинаци, облечена во брендирана облека, а понекогаш објавува и разголени фотографи притоа истакнувајќи ја својата фигура.

Кога таа патува, нејзиниот сопруг се труди ништо да не и недостига, па така со нејзе во приватен авион патува и нејзиното куче.

Сепак, Јана не патува секогаш сама, односно кога и принцот ќе и се придружи, тогаш селедуваат голем број на подароци. Една фотографија покажува дека принцот и подарил прстен од специјална изработка на „Графф“, кој што чини околу 200 илјади долари, како што наведуват странските медиуми тоа е и ситница.

Иако има се и повеќе од потребно, таа како платена љубовница дневно заработува по 4.500 евра, пишува „Дејли стар“. Што значи дека ова млада Украинка неделно зарботува по 31.500 евра.

Како што се наведува, таа на овој начин зарботува последните три години, а судискиот принц покрај фиксната плата и дарува и скапоцени подароци, а од време навреме и подарува и додатни парични износи.

Ова атрактивна Украинка заработените пари ги вложила во недвижнини, односно си купила станови во Москва и Киев.

Руските медиуми тврдат дека саудискиот принц има свој харем во кој ги „сместува“ жените, а според некои информаци, Јан Орфејева се задржала најдолго во куќата на принцот, дури три години.

Како што се шпекулира, таа заработила повеќе од 4 милиони долари додека престојувала во Саудиска Аабија.

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading

Забава

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Published

on

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна љубовна песна „Кој ти ги даде тие црни очи“

Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов. И драго ми е што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.- напиша Грашеска на својот профил на Фејсбук.

Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско-стои во објавата на официјалната фејсбук страница на радиото.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашата Добрила Грашеска

https://www.facebook.com/share/v/12H9RSDbKLf/?mibextid=wwXIfr

Инаку, Folkradio.gr е специјалиѕирано музичко радио за афирмација и истражување на грчката народна музика. Како што стои на интернет порталот на радиото, народната музика е една од најстарите форми на култура во светот и опстанала до денес благодарение на безвременската вредност заснована на висока естетика и креативен континуитет. Folkradio.gr се стреми да ја пренесе оваа естетика и специфичноста на грчката народна музика, која можеби е родена пред многу векови во рурални услови и преку човечки контакт со природата и нејзините елементи, но денес докажува дека е многу моќно средство за изразување дури и во модерното време, кога светот се пресели во градовите и комуникацијата не познава граници.

Извор: РадиоПела

Continue Reading

Забава

Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година

Published

on

На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.

Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.

-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк