Connect with us

Забава

Во вторник почнува “Евровизија 2021”: Кои се најголемите фаворити за победник?

Published

on

Во тек се последните подготовки за новото издание на Изборот за песна на Евровизија, што започнува на 18 мај 2021 година – кога ќе се одржи првото полуфинале на ова големо музичко натпреварување.

Според сегашните податоци прикажани од обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија.

Оваа година, 39 земји ќе учествуваат на Евровизија. Три големи фаворити се Италија (22 проценти), Франција (20 проценти) и Малта (12 проценти).

https://youtu.be/u6FU4wPI-ng

За потсетување, Малта до неодамна беше најголем фаворит за победа – но ситуацијата се смени по првата проба, кога претставничката Дестини доби неколку лоши критики за стајлингот и настапот.

Исланд е на четвртото место, по што следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Хрватска во моментов е на 17-то место, Србија на 23-то и Словенија на 35-та – со, судејќи според обложувалниците, со многу мали шанса за победа.

На листата осум најдобри од Балканот, најголем фаворит е Бугарија, по која следат Грција, Хрватска, Романија, Србија, Албанија, Северна Македонија и Словенија.

Погледнете ја втората проба на нашиот претставник Васил Гарванлиев:

https://youtu.be/LR2aKaL5yb0

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading

Забава

Колумбиски бенд ја испеа „Јовано, Јованке“ на македонски

Published

on

Колумбиски музички бенд приреди изненадување на својата публика изведувајќи ја македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на македонски јазик. Со својот уникатен стил и емотивна интерпретација, успеаја да ја доближат македонската традиционална музика до поширока публика и да го истакнат нејзиниот универзален карактер.

https://www.facebook.com/share/v/1A51X825LB/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading

Забава

Ана Стојанова цел на напад: Фотошопирале нејзна фотографија да изгледа гола – сега ја шират на социјалните мрежи

Published

on

Познстата фитнес инструкторка Ана Стојанова, информира дека деновиве е цел на напад, пред се како жена. Имено неименувано лице успеало преку фотошоп да создаде “нејзина гола фотографија”, па сега истата таа лажна готографија се шири на социјалните мрежи и стигна до Стојанова.

“Деновиве добивам пораки дека “се врти” гола фотографија од мене која што е направена со фотошоп и тоа многу лош. Направен е скриншот од видео кое што беше објавено кај мене на стори и истото е злоупотребено.
Јас нема да го коментирам оној кој што се дрзнал на ова и сосема ми е разбирливо затоа што сум јавна личност и не можам да се заштитам до крај. Објавувам јавно за да ја известам Армијата да ја знае вистината- бидејќи само за неа и се грижам”, објави Стојанова на социјалните мрежи

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк