сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

by Redakcija
04.07.2026
in Македонија

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски се потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Двајцата пациенти се хоспитализирани, се наоѓаат под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки.

„Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, соопшти Цана.

Западнонилската треска е вирусно заболување што се пренесува преку убод од инфициран комарец. Кај најголемиот дел од заразените лица болеста поминува без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај повозрасните лица и кај лицата со ослабен имунитет може да предизвика потешки невролошки компликации.

Од Клиниката апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, меѓу кои користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода каде што комарците се размножуваат.

Од здравствената установа нагласуваат дека во моментов нема причина за паника, но препорачуваат зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе добијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат лекарска помош.

Клиниката останува во постојана координација со надлежните здравствени институции и ја следи епидемиолошката состојба, при што посочува дека оваа сезона веќе се регистрирани случаи на Западнонилска треска и во други земји од регионот.

Related Posts

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

04.07.2026

Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу нив и со ликовите на Филип Втори и Александар Велики

03.07.2026

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик

03.07.2026

Голем пожар избувна во Штип, огнот се заканува на куќите кај Исарот

03.07.2026

Метеоаларм: Попладне поројни дождови, грмежи и можен град во делови од Македонија

03.07.2026
ЕУ сè уште без финален договор за укинување на царините со САД

ЕУ ги прераспределува средствата за реформи во Западен Балкан, Македонија меѓу најголемите добитници

02.07.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Битола е горда на Искра Нечаковска, сребрена медалистка на Европската олимпијада по физика

3 дена ago
google

За шпионирање на корисници, Гугл е должен да плати 68 милиони долари одштета

5 месеци ago

Популарни Вести

  • 56-годишна жена тешко повредена по удар од електричен мопед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу три скопјанки по сообраќајна расправија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода 15 лица во акција на полицијата – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците ја предупредиле Полска за можен руски напад, а Туск порача: „Не сакам никого да заплашувам, но…“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.