вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Големиот пожар кај Солун сè уште беснее: Евакуирани жители, повредени пожарникари и уапсен 76-годишник

by admin
05.07.2026
in Балкан
Големиот пожар кај Солун сè уште беснее: Евакуирани жители, повредени пожарникари и уапсен 76-годишник

Големиот шумски пожар што избувна во саботата навечер во близина на северните предградија на Солун, во областа Ореокастро, сè уште не е целосно изгаснат, соопшти Грчката противпожарна служба.

Пламените јазици стигнале многу блиску до куќите во областите од кои граѓаните биле евакуирани во текот на ноќта. Пожарот, освен што зафатил подрачје во близина на фабрика за рециклирање, се проширил и кон текстилна фабрика, што дополнително го зголемило интензитетот на огнената стихија.

Според раководителот на противпожарната служба, Костас Цигас, токму зафатените индустриски објекти придонеле за особено високо термичко оптоварување, поради што пожарот бил исклучително тежок за контролирање.

Со првите зраци на сонцето започнало и воздушното гаснење. Во операцијата се вклучени два авиона и два хеликоптери, а надлежните издале наредба и за дополнителна воздушна поддршка.

Во моментов на терен се ангажирани 154 пожарникари, 52 противпожарни возила и пет пешадиски единици, со поддршка од воздух.

Според првичните проценки, пожарот веќе предизвикал материјални штети, кои на некои места се помали, а на други значително поголеми.

Околу загрозените објекти е распоредена силна противпожарна сила, која постојано ги навлажнува жариштата за да спречи повторно разгорување на огнот во текот на денот.

Тројца пожарникари се здобиле со респираторни проблеми, а еден пожарникар имал ортопедска повреда за време на гаснењето. Сите биле пренесени во општата воена болница за обука, каде ја добиваат потребната медицинска помош.

Од Службата за итна медицинска помош информираат дека здравствениот систем, болниците и екипите на итната помош во регионот се ставени во целосна оперативна готовност. Засега нема информации за други повредени лица.

Грчките власти во текот на ноќта спровеле превентивна евакуација на населението од загрозените делови во областа Ореокастро.

Дополнително, била евакуирана и Фондацијата за хронични болести „Свети Пантелејмон“. Според Противпожарната служба, 100 лица од установата биле префрлени во зграда на средно училиште, додека преостанатите 57 биле пренесени во Психијатриската болница во Солун.

Во рамки на истрагата, грчките власти привеле 76-годишен грчки државјанин, кој се смета за главен осомничен за избувнувањето на пожарот.

Според првичните информации, постои сомнение дека пожарот можел да биде предизвикан од неговото „опасно возење“, односно дека искри од неговото возило можеби ја запалиле сувата вегетација.

Мажот е задржан на дополнително испрашување, а се проверува и дали во моментот на инцидентот бил под дејство на алкохол или други супстанции, бидејќи постојат индиции дека не бил во трезна состојба.

Истрагата и предистражната постапка продолжуваат, а надлежните органи работат на целосно расветлување на околностите под кои избувнал пожарот.

Паралелно со пожарот во Ореокастро, активни се и неколку други пожари во поширокиот регион на Солун.

Огнени жаришта се регистрирани и на полуостровот Халкидики, едно од најпознатите летни одморалишта во Грција, како и во областа околу градот Кукуш.

Грчките власти остануваат во состојба на зголемена готовност, бидејќи високите температури, сувата вегетација и ветерот го зголемуваат ризикот од ново ширење на пожарите.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Три автомобили опожарени за само три часа во Скопје

Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

16.11.2026
Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан

16.11.2026

13 загинати пожарникари во Грција годинава: Претседателот на здружението со солзи го прозва Мицотакис

15.11.2026

Србија го раскинува договорот со фирмата на зетот на Трамп за Генералштабот во Белград

15.11.2026
Српски аналитичар бара истрага за „Алта банка“ во Србија: Се сомнева во фиктивни уплати и празен трезор

Српски аналитичар бара истрага за „Алта банка“ во Србија: Се сомнева во фиктивни уплати и празен трезор

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Од вторник значително заладување: температурите паѓаат за над 10 степени, следуваат дожд и снег на планините

7 месеци ago

Инвестиции со невидени размери: AI дата-центрите може да привлечат над 10 трилиони долари

1 месец ago

Популарни Вести

  • Станови во Охрид од 1.350 евра за квадрат: Државата објави оглас за продажба на 51 стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.