Атентатот врз претесадателот на Србија Александар Вучиќ бил планиран за петти или шести февруари годинава. Ова синоќа го објави новинарот Александар Вучичевиќ на ТВ Пинк. Извршители требало да бидат групата на Велимир Беливук која беше уапсена неколку дена претходно.
Како што пишуваат српските медиуми екипата на Веља невоља добро го разработила планот. Тие требало да бидат скриени во камион застанат на рутата каде што ќе помина автомобилот на Вучиќ. Откако ќе пукаат во него веднаш требало да бидат префрлени во друго возило и да го напуштат теренот.
Другата верзија предвидувала тој да биде укупукан на некои од многубројните средби со граѓани со вкрстен снајпер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на ТВ Прва истакна дека се спремал атентат врз него, кој бил спречен од страна на безбедносните служби.
Според него, на наводните атентатори им недостасувале 48 часа.
– Велат дека им недостасувало 48 часа, затоа имавме најголем број наши снајперисти на отворањето на споменикот на Стефан Немања. Немав панцир и никогаш нема да го носам. Не ме интересира постапката. Вулин се тресеше од страв, излегов и го прочитав мојот говор. Беа кратки за 48 часа, но без оглед дали бев мета или некој друг, немам доказ. Тие велат дека многу малку им недостасувало да ја преземат целата моќ во Србија, изјави претседателот на Србија.
Повеќе од 850 специјалци беа распоредени за да го заштитат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при откривањето на споменикот на Стефан Немања, изјави шефот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пушиќ.
Тој во емисијата Хит твит на ТВ Пинк кажа дека безбедносните мерки биле зајакнати, бидејќи разузнавачките податоци укажале на можност за обид за атентат.
Неверојатни детали откри претседателот на Србија во врска со Веља невоља и Радоје Звицер. Тој вели дека Веља му се фалел на својот шеф Звицер за сите убиства а како доказ му праќал кебапчиња од жртвите.
Веља и екипата со машина за мелење месо ги мелеле жртвите. Она што ќе останеле од нив го фрлале во Дунав за да ги изедат рибите и да се сокрие секаков траг.
Oвие луѓе мачеле, колеле и мелеле луѓе. Тоа нема врска со навивање туку со дрога политика и бизнис-вели Вучиќ.
Гаражата, според првиот вицепремиер Меџити, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот, а ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија
Владата на денешната седница донела одлука да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“, информира попладнево на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека со ова ќе се решат инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа овој дел од главниот град.
Според првиот вицепремиер, станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на на 371 ново паркинг-место, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со адекватен број паркинг места за лица со посебни потреби.
„Со оваа инвестиција ние ја демонстрираме нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, Општина Чаир и Општина Центар“, рече Меџити.
Изградбата на подземната гаража, како што посочи тој, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот и ќе го олесни сообраќајот и пристапот за локалните жители и посетителите.
Проектот, според првиот вицепремиер, ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија.
„Туристите ќе имаат подобар пристап до овој културно-историски дел од градот што ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде нови можности за бизниси во регионот. Особено сум задоволен што Владата успеа да одвои средства за овој важен проект во рамки на Министерството за транспорт. Ова е доказ дека со заеднички напори и визија можеме да постигнеме значајни подобрувања во животот на нашите граѓани. Нашата обврска да продолжиме со вакви иницијативи кои ќе донесат долгорочни придобивки за целото општество“, кажа тој на прес-конференцијата.
Во наредниот период, Меџити рече дека ќе работат на реализација на проектот во најкраток можен рок и со највисок квалитет и дека ќе обезбедат транспарентност и отчетност во сите фази од изградбата.
Одговарајќи на новинарско прашање, првиот вицепремиер рече дека проектот е готов и дека тендерската постапка ќе се отвори наскоро, а на почетокот на годината очекува да почнат градежните работи.
Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.
Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.
Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.
„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.
Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.