вторник, октомври 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Финансиска полиција со кривична пријава за бизнисмени – Ова се деталите

by Redakcija
07.07.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Штип против две физички лица и едно правно лице поради сомнение дека со незаконски дејствија намерно ја довеле компанијата до стечај, при што биле оштетени доверителите, а за себе и блиски лица прибавиле значителна противправна имотна корист.

Според соопштението, кривичната пријава е поднесена против управителот и сопственик на компанијата Ѓ, објави 4news.mk З., второпријавениот А. С. и самото правно лице, поради основано сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“.

Како што наведува Финансиската полиција, во периодот од 2022 до 2024 година, двајцата осомничени дејствувале заеднички со однапред утврдена намера да го доведат правниот субјект во привидна финансиска немоќ и економска пропаст.

Во рамки на тие активности, тие склучувале штетни договори и пренесувале парични средства и друг имот на лица блиски до првопријавениот, без реален правен и економски основ. Дополнително, управителот отуѓувал движен и недвижен имот во сопственост на компанијата по цени значително пониски од нивната пазарна вредност, без економска оправданост и на штета на друштвото и неговите доверители.

Според истрагата, со ваквите дејствија континуирано се извлекувале средства од компанијата, со што значително се намалила вредноста на нејзиниот имот и се оневозможило доверителите да ги наплатат своите побарувања. Како последица, друштвото било доведено во состојба на трајна неликвидност и неспособност за исполнување на обврските, по што била отворена стечајна постапка.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека со наведените дејствија доверителите биле оштетени за 13.268.816 денари, додека осомничените за себе и лица во роднинска врска прибавиле противправна имотна корист во износ од 73.538.152 денари.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите

20.10.2026

НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје

19.10.2026

Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип

19.10.2026

Голема акција на полицијата – Што откри МВР во контролите на 66 објекти?

19.10.2026

Напад со огнено оружје во Сарај: Маж повреден од оштетениот прозорец на автомобилот

18.10.2026

Крвав напад во Карпош: Двајца осомничени запрени на Блаце, третиот избегал на Косово

18.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

По 10 години затвор за тројцата кавадарчани кои до смрт претепаа маж пред казино

3 месеци ago

Општина Прилеп: Започна 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Планирана инвестиција од 180 милиони денари за целосна реконструкција на салата „Македонија“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски бара итна помош – САД не ги одобруваат испораките на „Патриот“ од сојузниците за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Запуштените површини во Прилеп ги претвораме во места за игра и спорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова идеја за платите во Македонија – Плаќање по одработен час предлагаат стопанствениците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.