понеделник, јули 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Без возачка, но зад волан: 25-годишник направи хаос во Тетовско, повредено и мало дете

by Уредник
19.07.2026
in Црна Хроника
Без возачка, но зад волан: 25-годишник направи хаос во Тетовско, повредено и мало дете

Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Требош е лишен од слобода, откако управувал автомобил без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото.

Сообраќајката се случила вчеравечер, околу 22 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од селото Требош, и патничко возило „мерцедес“, зад чиј волан бил Т.С. (80) од селото Палатица.

Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. Со тоа сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што веднаш бил лишен од слобода.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од Палатица и С.И. (49) од Тетово.

Телесни повреди добиле и В.И. (46), како и тригодишно дете. Сите повреди биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршила екипа на СВР Тетово, а по целосното документирање на случајот против С.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Related Posts

Кривични пријави за измама со државни субвенции: Буџетот оштетен за над 3,5 милиони денари

20.07.2026
(ФОТО | ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

(ФОТО | ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

20.07.2026

Директорката на „Комуналец“ Гостивар изведена со лисици од просториите на претпријатието

20.07.2026

Финансиска полиција откри измама во Тетовскиот универзитет – Поднесена кривична пријава

20.07.2026
Трагедија кај Блаце: Во превртен „мерцедес“ пронајдени три безживотни тела

Трагедија кај Блаце: Во превртен „мерцедес“ пронајдени три безживотни тела

20.07.2026

Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати

19.07.2026

Препорачани Вести

Почна изградбата на Lidl маркет во Гевгелија

Почна изградбата на Lidl маркет во Гевгелија

5 месеци ago
velika britanija

Велика Британија зафатена од силна бура: Затворени училишта и сообраќајен хаос

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Кривични пријави за измама со државни субвенции: Буџетот оштетен за над 3,5 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО | ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорката на „Комуналец“ Гостивар изведена со лисици од просториите на претпријатието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата испраќа 60.000 литри вода во Гостивар, Мицкоски: Граѓаните нема да бидат оставени сами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финансиска полиција откри измама во Тетовскиот универзитет – Поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.