сабота, јули 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Вработен од Центарот за вработување во Прилеп – барал по 6.000 денари месечно за да не укине социјална помош – Се бара притвор

by Redakcija
25.07.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против виш референт во локалниот Центар за вработување поради основано сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп. За осомниченото службено лице е побарана мерка притвор.

Според соопштението на Обвинителството, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, осомничениот од жител на прилепското село Бело Поле изнудил вкупно 18.000 денари.

Случајот започнал откако оштетениот и неговата сопруга, кои биле корисници на гарантирана минимална помош, добиле СМС-порака од Агенцијата за вработување да се јават на обука за работа.

Тоа го искористил референтот за да го уцени граѓанинот. Му се заканил дека доколку ја одбие обуката ќе остане без социјалниот надоместок. За да го спречи тоа, побарал секој месец да му исплаќа по половина од државната помош – односно по 6.000 денари.

Како што информираат од Обвинителството:

„Исто така осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид“.

Оштетениот ја прифатил уцената и почнал со исплатата. Најпрво однел 4.000, па 2.000 денари директно во канцеларијата на вработениот, а потоа продолжил со месечни уплати.

Криминалистичката акција е реализирана вчера, при предавањето на последниот износ од 6.000 денари. Полициски службеници ги пронашле и одзеле обележаните банкноти кај осомничениот, по што тој веднаш бил приведен.

Од ОЈО Прилеп велат дека поради тежината на делото и околностите под кои е сторено, до Основниот суд во Прилеп е доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото службено лице.

…

Related Posts

Избувна пожар во Тетовско: Повредена жена пренесена во тетовскиот Ургентен центар

25.07.2026

Малолетник со убодна рана на градниот кош заврши во болница во Скопје

25.07.2026

Поткупот скапо го чинеше – Уапсен административец од Прилеп

25.07.2026

Инцидент во Тетово: Возач на Мерцедес со германски регистарски таблици удрил полицаец

25.07.2026

Дрога, боксирачи и пиротехника пронајдени кај 18-годишник од Куманово

25.07.2026

Акција на интервентната полиција во Арачиново – Претрес и апсење

25.07.2026

Препорачани Вести

Во вторник одлука во Собранието: Нов закон за пушење – ќе се преполови ли бројот на пушачи?

4 месеци ago

Семејствата на загинатите од „Пулс“: „Не бараме одмазда, туку правда преку институциите и судскиот систем“

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Вработен од Центарот за вработување во Прилеп – барал по 6.000 денари месечно за да не укине социјална помош – Се бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избувна пожар во Тетовско: Повредена жена пренесена во тетовскиот Ургентен центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илинденската коњаница тргна од Кочани кон Мечкин Камен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Брвеница: Денес акција за перење на улиците во седум населени места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.