четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

by admin
26.07.2026
in Свет, Црна Хроника
(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус, додека двајца членови на седумчлената експедиција успеале да преживеат и се евакуирани, објавија медиумите повикувајќи се на најновите информации од руските служби.

Руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС) објави видеоснимка од спасувачката операција, на која се гледаат исклучително тешките временски услови со кои се соочуваат спасувачките екипи на највисокиот врв во Европа.

Според руската државна агенција РИА Новости, која се повикува на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за Кабардино-Балкарија, телата на загинатите планинари засега не можат да бидат евакуирани поради екстремно неповолните временски услови.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

„Телата на планинарите се наоѓаат на таканареченото седло на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе биде извршена кога временските услови ќе го дозволат тоа“, соопштиле од руското Министерство за вонредни ситуации.

Објавената видеоснимка дополнително покажува колку се сурови и непристапни условите на теренот и зошто во моментов извлекувањето е исклучително тешко.

Од руското Министерство потврдиле дека двајцата преживеани планинари веќе се евакуирани од планината и предадени на медицински екипи за понатамошно згрижување.

Драмата започнала во саботата, на 25 јули, кога седумчлената група планинари останала заробена за време на искачувањето на Елбрус. Временските услови нагло се влошиле, по што групата испратила повик за помош.

Спасувачките служби потоа започнале операција во исклучително тешки услови на голема надморска височина.

Според најновите информации што ги пренесуваат регионалните медиуми, од седумтемина членови на експедицијата петмина го загубиле животот, а двајца преживеале.

Меѓу загинатите имало и искусни планинари кои претходно освојувале различни планински врвови, но и членови на групата кои претходно немале искуство со искачување на толку големи надморски височини.

Елбрус се наоѓа во Кавказ, а неговиот западен врв достигнува 5.642 метри надморска височина и се смета за највисок врв во Европа.

Спасувачките служби ја следат состојбата на планината, а извлекувањето на телата ќе започне дури кога силниот ветер, слабата видливост и останатите временски услови ќе овозможат безбедна операција.

Related Posts

Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

16.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

16.09.2026

Финансиската полиција во акција: Милиони префрлани преку фиктивна фактура

16.09.2026

По првиот напад следел нов обид: Русите повторно го демнеле авионот на Зеленски

16.09.2026

Претреси и апсење во скопско – Пронајдени марихуана, пиштол и муниција

16.09.2026

Препорачани Вести

400 руски дронови и 29 ракети ја погодиле Украина

400 руски дронови и 29 ракети ја погодиле Украина

7 месеци ago

Нови правила во МВР: Кодекс за облекување за странките и службениците

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензично на демонстрациите во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Праведната енергетска транзиција мора да донесе конкретни инвестиции и сигурна енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Xiaomi ја претставува серијата REDMI Note 17 во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.