среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Пациент со западнонилска треска во критична состојба, приклучен на респиратор на Инфективна

by Redakcija
29.07.2026
in Македонија

Infektivna bolnica

Пациент на возраст од 76 години заразен со вирусот на западнонилската треска се наоѓа во тешка и животозагрозувачка состојба на Клиниката за инфективни болести, откако развил тешка форма на воспаление на мозокот – енцефалитис.

Според здравствените власти, пациентот е сместен на Одделот за интензивна нега и е приклучен на респираторна поддршка поради критичната состојба.

„За жал, 76-годишниот пациент има тешка клиничка слика и се наоѓа во Одделот за интензивна нега. Тој е поставен на респираторна поддршка бидејќи неговата состојба е критична. Останатите хоспитализирани пациенти се стабилни и се префрлени на лекување во Одделот за невроинфекции“, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана.

Епидемиолошките анкети покажале дека пациентот во изминатиот период не патувал надвор од Македонија, што укажува дека заразата ја добил локално, преку убод од комарец-преносител на вирусот.

Со овој случај, бројот на официјално регистрирани заболени од западнонилска треска во земјава се искачи на осум.

Надлежните посочуваат дека најголемиот број од заболените се лица од повозрасни категории, кај кои исто така не е утврдено патување во странство. Најголема концентрација на случаи е забележана во Скопје и Велес.

Здравствените институции апелираат до граѓаните, особено до повозрасните лица и хронично болните, да преземат мерки за заштита од убоди од комарци – користење репеленти, носење соодветна облека и избегнување престој во близина на стоечки води во периодите кога комарците се најактивни.

…

Related Posts

ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

22.09.2026

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА – успешно спроведени реформски проекти

22.09.2026

Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

22.09.2026

Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

22.09.2026

Нови правила за течности во авионите: Што смеете да внесете во рачниот багаж од Скопје?

22.09.2026

БОЖИНОВСКА: СДСМ, ПОКАЖЕТЕ ГО ДОКАЗОТ ИЛИ ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ ЛАГИТЕ – ПОЛИТИЧКАТА БОРБА НЕ Е ЛИЦЕНЦА ЗА КЛЕВЕТЕЊЕ

22.09.2026

Препорачани Вести

Германија ја зајакнува БНД за автономно разузнавање и сајбероперации

7 месеци ago

СВР Тетово со информации за пожарот во Блок 70

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Голема полициска акција – Двајца уапсени, пронајдени стотици килограми канабис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестициите и македонската дијаспора

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде има најголема побарувачка за работници? Ова се најбараните професии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени лажни денари при претрес во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.