По продолжениот викенд по повод Денот на Републиката – Илинден, граѓаните веќе можат да ги испланираат следните слободни денови. До крајот на годината календарот носи уште неколку неработни денови, а дел од нив се паѓаат во петок или понеделник, што овозможува продолжени викенди.
Првата можност за тридневен одмор е на 28 август, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи годинава празникот се паѓа во петок, следува продолжен викенд за граѓаните од православна вероисповед.
До крајот на годината за сите граѓани на Македонија следуваат и неколку државни празници:
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста,
- 12 октомври (понеделник) – неработен ден по повод Денот на народното востание, бидејќи 11 Октомври се паѓа во недела,
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба, што носи уште еден продолжен викенд,
- 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови до крајот на годината се и 1 ноември – Празникот на сите светци и 25 декември (петок) – Божиќ, што исто така овозможува продолжен викенд.
Календарот покажува дека и по летната сезона остануваат неколку можности за одмор, кратки патувања или повеќе време поминато со семејството благодарение на празничните неработни денови.













