вторник, август 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нов сомнителен случај на западнонилска треска: Седум пациенти се под надзор, тројца се во критична состојба

by Redakcija
04.08.2026
in Македонија

Infektivna bolnica

Уште едно лице на возраст од 76 години е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести со сомнение за западнонилска треска, откако кај него е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија за вирусот Западен Нил.

Со новиот случај, вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, додека кај 10 лица е потврдено присуството на западнонилска треска. Сите пациенти се од Скопје.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, информираше дека тројца пациенти и понатаму се во критична состојба и се лекуваат на Одделот за интензивна нега, каде се поставени на механичка вентилација. Засега, кај нив нема подобрување на здравствената состојба.

За да се потврди невроинвазивната форма на болеста кај седмиот сомнителен случај, потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност, објасни д-р Цана.

Тој посочи дека најголем ризик од потешка форма на болеста имаат повозрасните лица, лицата со хронични заболувања и оние со ослабен имунитет.

„Инкубацијата на болеста трае до 14 дена, а не може однапред да се предвиди како ќе се развива кај секој пациент“, изјави д-р Цана.

Според лекарите, кај околу 80 проценти од заразените, инфекцијата поминува со благи симптоми или без никакви знаци на заболување, додека потешките форми најчесто се јавуваат кај ризичните групи.

Related Posts

Николоски: Го зајакнуваме партнерството со САД преку конкретни проекти

04.08.2026

ИЈЗ предупредува на опасност од сончев удар: Почитувајте ги препораките

04.08.2026

По Илинден следуваат нови продолжени викенди: Еве кога се следните неработни денови

04.08.2026

Еве колку се чека за излез од Македонија

04.08.2026
Уапсена жената позната како „газдарицата“ на Камени кукли: Осомничена дека нападнала повеќе посетители

Уапсена жената позната како „газдарицата“ на Камени кукли: Осомничена дека нападнала повеќе посетители

03.08.2026
Бугарски пратеници со забрана за влез сепак се појавиле во Кочани

Бугарски пратеници со забрана за влез сепак се појавиле во Кочани

03.08.2026

Препорачани Вести

Д-р Баткоски ја води стоматологијата кон Европа: Првиот имплант тренинг центар на „Ditron Dental“ во Охрид

7 месеци ago

ВИДЕО: Хеликоптерска единица и САЕ Тигар успешно евакуираа повредена туристка од Шар Планина

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Ве молам, немојте да ме враќате“: 12-годишно момче од Мароко стана симбол на мигрантската криза во Шпанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и тетовско утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведе нови правила: Сите содржини создадени со вештачка интелигенција ќе мора да бидат јасно означени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Го зајакнуваме партнерството со САД преку конкретни проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувани тројца осомничени за бруталната тепачка во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.