среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

50 санкционирани возачи на мопеди, мотоцикли и тротинети во Тетово, едно лице уапсено

by Redakcija
06.08.2026
in Република

Во акциска контрола спроведена од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи, на 5 август во периодот од 17:00 до 23:00 часот, на подрачјето на Тетово биле санкционирани вкупно 50 возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека најголем дел од прекршоците се однесувале на управување без заштитен шлем, при што биле изречени 31 санкција. Дополнително, изречени се девет санкции за возачи на електрични тротинети, како и по една санкција за истечена осигурителна полиса, истечена регистрација на мотоцикл, управување без соодветна категорија, управување под дејство на алкохол и други прекршоци сторени од возачи на мопеди и мотоцикли. Изречени се и три мерки за останати сообраќајни прекршоци, како и едно барање против правно лице.

Во текот на акцијата, едно лице било лишено од слобода поради сомнение дека сторило кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување со мопед без да поседува возачка дозвола. Воедно, мопедот му бил одземен.

Полицијата привремено одзела и еден електричен тротинет, откако било утврдено дека со него управувало дете кое превезувало уште едно лице.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и санкционирање на несовесните учесници. Истовремено, апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта за сите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Сметките во „Алта банка“ не ја загрозуваат работата на јавните претпријатија, нема потреба од паника

04.11.2026

Утре без струја повеќе населени места во Тетово и Тетовско: Еве каде и во кои термини

04.11.2026

Проданоски: Со повеќе од 60 настани ја раскажавме „Приказна за градот херој“

04.11.2026

Коњановски: 82 години слободна Битола, вечна почит кон храброста и жртвата на борците

04.11.2026

Општина Битола: Промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“ во чест на Денот на ослободувањето

04.11.2026

Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Делови од Тетово, Челопек, Боговиње и Ларце утре без електрична енергија

8 месеци ago
12 вработени во холандска болница во карантин поради сомнеж за изложеност на хантавирус

12 вработени во холандска болница во карантин поради сомнеж за изложеност на хантавирус

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.