недела, август 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Кина со остро предупредување до Јапонија: „Не си играјте со оган“

by Redakcija
08.08.2026
in Свет

Кина упати остро предупредување до Јапонија, повикувајќи ја владата во Токио да ја почитува волјата на своите граѓани и да не презема чекори кои би можеле да доведат до промени во нејзината досегашна политика кон нуклеарното оружје.

Пекинг порача дека Јапонија треба да ги исполни своите меѓународни обврски поврзани со непролиферацијата и да се откаже од, како што беше наведено, „играњето со оган“ кога станува збор за нуклеарното оружје.

Предупредувањето следува по објавувањето на анкета во Јапонија, според која 76 отсто од граѓаните ги поддржуваат трите ненуклеарни принципи – земјата да не произведува, да не поседува и да не дозволува распоредување нуклеарно оружје на својата територија.

Дополнително, 77 отсто од испитаниците се противат на воведување модел на „нуклеарно споделување“, кој би можел да подразбира распоредување американско нуклеарно оружје на јапонска територија.

Од кинеското Министерство за надворешни работи порачаа дека јапонските власти треба да ја земат предвид волјата на населението и да останат доследни на своите досегашни определби и меѓународни обврски.

Изјавата на Пекинг доаѓа во период на зголемени тензии меѓу двете земји. Во новиот јапонски одбранбен извештај, Кина е означена како најголем стратешки предизвик за Јапонија.

Токио во документот ја нагласува потребата од дополнително зајакнување на одбранбените способности и прилагодување кон новите форми на војување, вклучително и употребата на дронови и вештачка интелигенција.

Кинеските власти, пак, предупредуваат дека какво било отстапување од јапонската ненуклеарна политика би можело да има сериозни последици за регионалната безбедност и стабилност.

…

Related Posts

Мелони не попушта пред Мадрид: Италија ги задржува контролите со Шпанија

08.08.2026

Голем удар за руската авијација? Индија се откажува од набавка на Су-57

07.08.2026

ФАО: Растат цените на храната во светот

07.08.2026
Јапонски танкери без плаќање поминаа низ Ормускиот теснец

Руски дронови нападнале германски товарен брод

06.08.2026

Поранешниот командант на Украина: Русија најде начини да се спротивстави на западното оружје

06.08.2026

САД без оптимизам за брз договор со Иран, Венс најави долги преговори

06.08.2026

Препорачани Вести

Приведен насилник во Скопје, нападнал луѓе и ја малтретирал екс партнерката

6 месеци ago

Ифтарска вечерa во Битола организирана од градоначалникот Коњановски

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Престон Македонија го освои Dockerty Cup по 34 години, Тевере прогласен за најдобар играч

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар кај Сопиште: Три „ер трактори“ се вклучија во гаснењето, гори нискостеблеста шума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема загуба во домот на Лионел Меси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка пред угостителски објект во Тетово: Двајца 20-годишници избодени со нож, тројца приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.