сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Карпалак е симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината

by Redakcija
08.08.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството на татковината.

Одбележувањето на годишнината започна во текот на вчерашниот ден, кога беше оддадена почит на десеттемина бранители од Прилеп кои ги загубија животите во одбрана на Република Македонија.

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и кај селото Лениште, беше оддадена почит на загинатите бранители и на нивната жртва.

Одбележувањето продолжи и утрово со посета на нивните вечни почивалишта.

„Утрово, почит им оддадовме и пред нивните вечни почивалишта, со мисла за нивните семејства, нивните најблиски и за нивното дело кое останува длабоко врежано во историјата на Прилеп и Македонија“, истакна Проданоски.

Тој нагласи дека Карпалак претставува симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината и дека обврска на сегашните и идните генерации е да го зачуваат споменот за загинатите.

„Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена. Наша обврска е да паметиме, да ја чуваме вистината и со најдлабока почит да го негуваме споменот на оние кои без двоумење застанаа во одбрана на Република Македонија“, порача Проданоски.

Во рамки на денешното одбележување, во 13 часот е предвидено положување цвеќе и оддавање почит пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Проданоски упати повик до граѓаните заеднички да им оддадат почит на десеттемина прилепски бранители.

„Нека нивната љубов кон Македонија биде наша трајна обврска и инспирација. Вечна им слава!“, порача Проданоски.

…

Related Posts

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 101,01 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

08.08.2026

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07.08.2026

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07.08.2026

Проданоски: Карпалак никогаш нема да биде заборавен

07.08.2026

Одреден е датумот за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница

07.08.2026

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

06.08.2026

Препорачани Вести

Парите конечно тропаат на врата: Од 18 јули овие 3 хороскопски знаци влегуваат во период на голем успех!

3 недели ago

Тоневски: Ја обновуваме соработката со месните заедници и граѓаните

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Уапсени двајца потпалувачи на пожар – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туфегџиќ: Во правна држава судските одлуки мора да се спроведуваат и почитуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач од Косово удрил 71-годишен пешак во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Божиновска: Одлуките во енергетиката мора да се темелат на факти, анализи и стручно знаење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Беспилотно летало навлегло во бугарскиот воздушен простор, свикана итна седница на Советот за безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.