среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ова се препораките: Како да се заштитите од Западнонилска треска

by Redakcija
12.08.2026
in Македонија

По прогласувањето епидемија на Западнонилска треска во неколку скопски општини – Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден – здравствените власти упатуваат препораки до граѓаните за заштита од заболувањето кое го пренесуваат комарци.

Досега на клиниките се хоспитализирани 29 лица, а едно лице починало. Станува збор за 83-годишен пациент кој имал и дополнителни заболувања. Според надлежните, нема место за паника, но потребно е граѓаните да преземат мерки за заштита.

Од Институтот за јавно здравје препорачуваат користење репелентни средства, односно спрејови против комарци, особено при престој на отворено.

Особено внимание се препорачува за земјоделците и лицата кои работат во области со густо зеленило, насади и други места каде што може да има поголема концентрација на комарци. Поради високите температури, се советува да се избегнува престој во вакви подрачја во раните утрински и вечерните часови, кога се вршат земјоделските активности, а доколку е неопходно присуството, да се користат репеленти.

Важна мерка е и отстранувањето на застоената вода, која претставува погодна средина за размножување на комарците. Граѓаните се повикуваат да ги отстранат садовите, предметите и сите површини во кои се задржува вода, како и редовно да ги проверуваат базените, фонтаните и другите водени површини.

Надлежните институции веќе преземаат мерки за намалување на бројот на комарци, вклучително и дополнителни прскања во Скопје, со посебен фокус на Драчево, каде што е регистриран поголем број случаи.

Од Општина Кисела Вода информираат дека се спроведува акција против ларвите на комарци, а за петок е најавен и третман против возрасни комарци, особено на подрачјето на Драчево.

Здравствените власти потсетуваат дека кај заболувањето може да се појават висока температура, силна главоболка и конфузност, а кај потешките случаи е потребно болничко лекување. Специфичен лек против вирусот не постои, па терапијата се определува во зависност од клиничката состојба на пациентот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Студени утра и сончеви денови, викендот носи дожд и снег

10 месеци ago

Номагас: Интерконекторите ја менуваат енергетската позиција на Македонија во регионот

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.