вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Турците имаат едноставен трик за разладување на домот во лето: Не ви требаат ни клима ни вентилатор

by Redakcija
15.08.2026
in Магазин

Кога летните температури ќе надминат 30 степени, домовите, особено оние со прозорци свртени кон југ или запад, многу брзо можат да се претворат во вистински печки. Сонцето директно продира низ стаклото, ги загрева подовите, ѕидовите и мебелот, а топлината потоа се задржува со часови.

Иако климатизерите се најчестото решение, постои едноставен трик со кој може да се забави загревањето на просторијата. За него не е потребна посебна опрема – доволна е обична бела чаршава или друга погуста ткаенина во светла боја.

Бел чаршаф пред прозорецот

Клучот е во тоа каде ќе ја поставите ткаенината. Наместо да биде зад завесите, чаршафот треба да се постави што е можно поблиску до прозорското стакло, како прва бариера за сончевите зраци.

Белата ткаенина треба да го покрие делот од прозорецот кој е директно изложен на сонце. Може да се прицврсти со штипки, дополнителна шипка или на друг практичен начин, зависно од прозорецот.

Светлите површини апсорбираат помалку сончево зрачење и рефлектираат повеќе светлина во споредба со темните, па затоа побавно се загреваат.

Сличен принцип традиционално се користи и во Турција, каде густите светли завеси често се комбинираат со тил и други слоеви за заштита од силното сонце.

Најважно е да реагирате наутро

Една од најчестите грешки е заштитата од сонце да се постави дури напладне. Дотогаш сончевите зраци веќе со часови го загревале просторот, а ѕидовите, подот и мебелот веќе акумулирале топлина.

Затоа прозорците треба да се заштитат уште наутро, пред сонцето да почне силно да ја загрева просторијата.

Ако чаршафот не се вклопува во ентериерот, може да се користат светли ролетни, жалузини или подебели светли завеси. Принципот е ист – што поголем дел од директното сончево зрачење да се запре пред да влезе во домот.

Не ги отворајте прозорците во најтоплиот дел од денот

Заштитата од сонце е само еден дел од стратегијата. Важно е и правилно да се проветрува домот.

Во најтоплите часови отворените прозорци можат да имаат спротивен ефект доколку надворешниот воздух е потопол од оној во просторијата. Тогаш топлиот воздух влегува во домот и дополнително ја зголемува температурата.

Затоа во текот на најтоплиот дел од денот прозорците е подобро да останат затворени, особено на страната која е директно изложена на сонце.

Отворете ги прозорците кога ќе залади

Најдобро време за проветрување е рано наутро, доцна навечер или во текот на ноќта, кога надворешната температура ќе падне.

Ако е можно, отворањето прозорци на спротивни страни од домот може да создаде промаја и побрзо да го исфрли топлиот воздух што се акумулирал во текот на денот.

Сепак, белата ткаенина не може целосно да ја замени климата. Нејзината улога е превентивна – да го намали директното сончево зрачење и да го забави загревањето на просторијата.

Во комбинација со затворени прозорци во најтоплите часови и добро проветрување наутро или навечер, овој едноставен трик може да помогне домот подолго да ја задржи попријатната температура.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

АУДИ вложи милијарди евра во фабрика во Кина, а сега ја нарекуваат „фабрика на духови“ – загубите се огромни

24.11.2026

Николина Пишек: Сопругот ме тепаше, а полицаецот гледаше

24.11.2026

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

24.11.2026

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

24.11.2026

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Милановиќ: „Живееме во ужасни времиња на насилство и презир кон меѓународното право“

Милановиќ: „Живееме во ужасни времиња на насилство и презир кон меѓународното право“

8 месеци ago

Нова криза со водата во Пласница и Преглово: Лабораториските анализи покажале дека не е безбедна за пиење

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.