понеделник, август 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ако видите мртва дива птица, веднаш да пријавите – Гавраните се најчести резервоари на западнонилска треска

by Redakcija
17.08.2026
in Македонија

Здравствените власти апелираат до граѓаните да пријават доколку забележат мртва дива птица, особено гавран, поради засилените мерки за следење на можните резервоари на вирусот на западнонилска треска.

Министерот за здравство Сашо Клековски повика сите пронајдени мртви диви птици да бидат пријавени во Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да се овозможи навремена контрола и лабораториско испитување.

„Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. Имаме апел за пасивно пријавување, односно сите граѓани кои ќе најдат мртва дива птица, гавран или која било друга птица, да ја пријават во Агенцијата за храна“, изјави Клековски.

Досега е пријавен еден случај на мртва птица во Гостивар, но кај неа не е детектиран вирусот на западнонилска треска.

Во ризичните подрачја ќе биде засилена и контролата на живината, особено на живината која слободно се движи во близина на каналите за наводнување.

Клековски потсети дека при последното поголемо појавување на западнонилска треска во 2019 година, од девет контролирани кокошки била утврдена една заразена, и тоа во едно од подрачјата кои и сега се сметаат за ризични.

Во земјава во моментов се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, додека три случаи се суспектни и се во процес на дијагностицирање. Шест пациенти се во критична состојба и се лекуваат на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести.

Сите хоспитализирани пациенти се лица постари од 60 години. Во саботата беше регистриран и третиот смртен случај од западнонилска треска во Македонија.

Related Posts

УЈП започна со исплата на ДДВ повратот за првото тримесечје од 2026 година

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

17.08.2026

Трети смртен случај од западнонилска треска во Македонија, шест пациенти во критична состојба

17.08.2026

ВЛЕН: ДУИ функционира како политбиро, тесен круг ги носи сите одлуки

17.08.2026

Армијата слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на Армијата

17.08.2026
(ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

(ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

16.08.2026

ТАБОРОТ НА ГРУБИ УДРИ ПО „ПОЛИТБИРОТО“ НА ДУИ

16.08.2026

Препорачани Вести

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

3 месеци ago
Проколнатиот јадрански остров на смртта : Тука 100.000 луѓе го загубиле животот, а денес е забранет за сите

Проколнатиот јадрански остров на смртта : Тука 100.000 луѓе го загубиле животот, а денес е забранет за сите

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Пожар избувнал во куќа во Јегуновце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако видите мртва дива птица, веднаш да пријавите – Гавраните се најчести резервоари на западнонилска треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп го поздрави договорот за колективна одбрана меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет лица пријавени за насилство во Скопје, двајца добија 30 дена притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Започна 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.