вторник, август 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Муцунски: По 2019 година, Македонија повторно домаќин на Амбасадорскиот совет

by Redakcija
18.08.2026
in Македонија
Муцунски: ЕУ останува стратешка цел, но бара национален консензус и сериозни реформи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.

Муцунски посочи дека Мацинка ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок ќе се одржи во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство.

– Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува – рече Муцунски.

Според него, Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија, со јасна цел, пресек на сработеното, усогласување на позициите и поставување конкретни задачи за периодот што следува.

– Ќе разговараме за европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење. Но, нема само да анализираме што се случува во светот. Ќе утврдиме што тие промени значат за нашата држава, како влијаат врз нашите интереси и што конкретно очекуваме од секое наше дипломатско-конзуларно претставништво – истакна Муцунски.

Во време на длабоки геополитички промени, растечки безбедносни предизвици и сè покомплексни меѓународни односи, вели, дипломатијата не смее да биде пасивна. – Потребна ни е дипломатија која предвидува. Која реагира навремено. Која гради партнерства. И која одлучно ги штити националните интереси – порача Муцунски.

Информираше дека амбасадорите и генералните конзули во рамките на Советот ќе имаат директен дијалог со Претседателката на државата, Премиерот и Претседателот на Собранието, што испраќа порака за потребата од институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.

– Европската интеграција останува еден од нашите централни стратешки приоритети. Нашата дипломатска мрежа има задача јасно и аргументирано да ги претставува нашите позиции и реформски резултати пред европските партнери. Да бараме фер и предвидлив европски процес, заснован на резултати, европски вредности и взаемна почит – рече Муцунски.

Тој посочи дека еден од главните фокуси на годинашниот Совет ќе биде економската дипломатија, со јасна порака до амбасадорите дека „секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава“.

– Повреќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти, нови пазари за македонските компании. Тоа мора да стане мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности за нашата земја – порача Муцунски.

Во центарот на работата, додаде, секогаш мора да бидат граѓаните. Според него, дипломатијата има смисла само ако создава конкретна вредност за државата и за луѓето на кои им служи.

– Затоа ќе разговараме за модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со нашата дијаспора. Нашата цел е едноставна: македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна. Истовремено, ќе ги слушнеме и нашите амбасадори и генерални конзули. Тие најдобро ги познаваат предизвиците на теренот. Сакам отворено да разговараме за тоа што функционира, што мора да подобриме и што е потребно нашата дипломатска мрежа да биде поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена – истакна Муцунски.

Тој прецизираше три клучни очекувања од дипломатската мрежа.

– Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. Во четврток и петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати – порача Муцунски.

Според него, силната дипломатија не се мери според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи.

– Се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за својата држава и за своите граѓани. Надворешната политика е државна политика. И токму таква дипломатија градиме. Модерна и активна. Професионална и самоуверена. Стратешки координирана. Дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина – заклучи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

..

Related Posts

Попладне можен пороен дожд и грмежи – од четврток нов топлотен бран

18.08.2026

Еве колку се чека на Богородица за излез од Македонија

18.08.2026

Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

17.08.2026

Битката со огнената стихија продолжува: Активни седум пожари низ Македонија

17.08.2026
Големиот пожар кај Солун сè уште беснее: Евакуирани жители, повредени пожарникари и уапсен 76-годишник

Пожарот се приближи до Чаниште, зафатени неколку куќи

17.08.2026

Ако видите мртва дива птица, веднаш да пријавите – Гавраните се најчести резервоари на западнонилска треска

17.08.2026

Препорачани Вести

Зеленски најави кадровски промени во безбедносниот врв на Украина

7 месеци ago
Украина бара брзи испораки на „Патриот“ ракети по серијата руски напади

Украина бара брзи испораки на „Патриот“ ракети по серијата руски напади

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Нов смртен случај од западнонилска треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градскиот стадион во Прилеп повторно во полн сјај – зелен, чист и подготвен за натпревари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: По 2019 година, Македонија повторно домаќин на Амбасадорскиот совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Експлозии одекнуваат околу Москва: Масовен напад со повеќе од 600 украински дронови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шифра која никој во авион не сака да ја слушне: Што значи „Код 300“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.