вторник, август 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Сите расположливи сили се ангажирани во борбата со пожарот во Чаниште

by Redakcija
18.08.2026
in Република

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците од негово понатамошно ширење.

Како што информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на состанокот присуствувале претставници од сите надлежни институции, служби и субјекти кои можат да се вклучат во справувањето со пожарот со човечки ресурси, опрема и механизација.

Според Проданоски, во моментов се координираат сите расположливи сили и се преземаат мерки за локализирање на пожарот, заштита на населените места и спречување на негово натамошно ширење.

„Како Општина Прилеп остануваме целосно ангажирани и ставаме на располагање сè со што располагаме“, порача Проданоски.

Тој посочи дека продолжува координацијата со надлежните институции, јавните претпријатија, компаниите и сите други субјекти кои можат да помогнат со дополнителна механизација, опрема и други ресурси.

Во овој момент, како што нагласи Проданоски, најважно е што нема човечки жртви.

„Наш приоритет остануваат безбедноста и заштитата на животите на граѓаните, нивните домови и имот, како и природата и целиот Мариовски регион“, истакна тој.

Проданоски упати и апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорност, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од појава и ширење на пожари.

Тој предупреди дека секое невнимание во вакви услови може да предизвика сериозни последици.

Од Општина Прилеп најавуваат дека екипите ќе продолжат да бидат на терен, состојбата постојано ќе се следи, а сите неопходни мерки ќе се преземаат во зависност од развојот на ситуацијата.

…

Related Posts

Дефект на Лешница, намален протокот на вода кон Тетово

18.08.2026

ВИДЕО – Проданоски: Сите ресурси се ставени во функција за гаснење на пожарот во Мариово

18.08.2026

Битола домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на ЕБР

18.08.2026

Градскиот стадион во Прилеп повторно во полн сјај – зелен, чист и подготвен за натпревари

18.08.2026

Национален парк Шар Планина: Една искра може да предизвика голема опасност, апелираат на внимателност

18.08.2026

Општина Прилеп: Започна 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

17.08.2026

Препорачани Вести

Бизнисмен го оштетил буџетот за 8 милиони денари

4 недели ago

Проданоски: Првите 100 дена носат нов развоен импулс за Прилеп (ВИДЕО)

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Сите расположливи сили се ангажирани во борбата со пожарот во Чаниште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,46 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија ѝ се заканува на Велика Британија: „Лондон ќе се соочи со последици“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум земјотреси ја потресоа Шпанија: Евакуирани трговски центри, хотели и згради

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕБР ги отвора вратите за нови членови – кој може да се пријави?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.