Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца турски државјани, Т.Д. (55) и З.Д. (54), поради сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“.
Според информациите од полицијата, пријавените во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама.
Осомничените, според пријавата, незаконски и своеволно ја пресметувале вредноста на златото како стопена суровина, наместо како готови изработени производи, чија пазарна вредност била значително поголема.
Покрај тоа, двајцата турски државјани се сомничат дека во текот на февруари 2025 година, со уцени и заканувачки пораки упатени до синот и неговото семејство, го принудиле 66-годишниот маж да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот.
Според полицијата, содржината на преддоговорот не му била прочитана при потпишувањето кај нотар во Гостивар.
Истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настаните.
…












