среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

by Redakcija
02.09.2026
in Uncategorized, Технологија

Со оваа соработка се поставува нов стандард во индустријата во Европа

Договорите во Тексас, САД, ги потпишаа Гелерт Јасаи, претседател и главен извршен директор на Групацијата 4iG, и Гвин Шотвел, претседателка и главна оперативна директорка на SpaceX.

Групацијата 4iG планира да ја воведе во комерцијална употреба првата генерација на Starlink Mobile. Во иднина ќе следува технологијата од следната генерација Starlink Mobile V2, која ќе ги користи глобалните права на SpaceX за спектарот од 2 GHz, овозможувајќи можности за нетерестријална 5G мрежа.

Starlink Mobile ќе ги надополни услугите на телекомуникациските компании на Групацијата 4iG во Унгарија и на Западен Балкан, во подрачјата со ограничена покриеност со терестријална мрежа. Услугата, исто така, ќе им овозможи на корисниците да останат поврзани во итни случаи и при привремени прекини на мобилната инфраструктура.

Договорот ќе овозможи сателитски комуникациски услуги наречени Sovereign Solutions, кои обезбедуваат безбедни сателитски мрежи наменети за потребите на националната безбедност.

Групацијата 4iG и SpaceX потпишаа значајни договори за обезбедување сигурна и отпорна поврзаност во Европа. Starlink Mobile ќе ги зајакне телекомуникациските услуги на Групацијата 4iG во Унгарија и на Западен Балкан, додека договорот за Sovereign Solutions ќе го поддржи развојот на суверени и безбедни капацитети за сателитска комуникација на национално ниво.

Двете компании заеднички создаваат единствен модел на соработка во Европа, кој ја обединува комерцијалната сателитско-мобилна поврзаност со сателитската технологија за комуникациите во рамки на Sovereign Solutions.

Договорот е целосно усогласен со постојниот профил на Групацијата 4iG, кој ги опфаќа телекомуникациите, вселенските и одбранбените технологии, и претставува иновативен исчекор за Групацијата.

„Овој исчекор ја нагласува важноста, поврзаноста да стане сеприсутна и достапна за сите. Групацијата 4iG и SpaceX развија модел прв од ваков вид, кој опфаќа комерцијална услуга базирана на сателитско-мобилната технологија на Starlink и воспоставување на првите Sovereign Solutions во Европа. Горди сме што ја предводиме оваа визија во Европа и поставуваме нов глобален стандард за тоа што е возможно“, – изјави Гелерт Јасаи, претседател и главен извршен директор на Групацијата 4iG.

„Проактивната одлука на Групацијата 4iG да го воведе Starlink Mobile, вклучително и нашата констелациска технологија од следната генерација V2, ќе им обезбеди на луѓето ширум Унгарија и Западен Балкан сигурна директна поврзаност со нивните уреди. V2 ќе овозможи широкопојасен интернет со голема брзина директно на мобилните телефони и ќе го усогласи спектарот од 2 GHz што ќе го користиме ширум светот. Со задоволство ја воспоставуваме оваа соработка со Групацијата 4iG, со која Унгарија се позиционира меѓу првите земји во Европа што ќе ги воведат Sovereign Solutions“, – изјави Гвин Шотвел, претседателка и главна оперативна директорка на SpaceX.

Starlink Mobile: Надополнување на мобилните мрежи на ONE HUNGARY

Starlink Mobile:

Starlink, најголемата светска сателитска констелација во ниска Земјина орбита за директно поврзување со мобилни уреди, овозможува директна врска со мобилни телефони компатибилни со LTE, без потреба од посебна сателитска опрема. Надополнувајќи ги терестријалните мобилни мрежи, сателитската поврзаност ги прави мобилните комуникации достапни во подрачјата каде што покриеноста со конвенционална мрежа е ограничена или воопшто ја нема.

Групацијата 4iG ќе ја воведе комерцијалната услуга во Унгарија и Албанија. Овие две земји ќе им се придружат на повеќе други пазари ширум светот, каде што услугата денес им е достапна на милиони луѓе на шест континенти. Технологијата ја подобрува достапноста на мобилните комуникации, особено во планинските подрачја и крајбрежните води. Динамиката на воведување ќе зависи од регулаторните, техничките и комерцијалните услови на секој пазар.

Сигурната и отпорна поврзаност на Starlink Mobile, исто така, ќе им биде поддршка на корисниците на Групацијата 4iG во итни случаи и при привремени прекини, а ќе овозможи и комуникација за јавните служби и функционирање на критичната инфраструктура.

Starlink Mobile V2:

Во иднина, соработката ќе го вклучи Starlink Mobile V2, технологија од следната генерација која ги користи глобалните приоритетни права на SpaceX на спектарот од 2 GHz. Услугата ќе биде воведена во Унгарија, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија. Групацијата 4iG го отвора патот за унапредување на терестријалните и сателитските мобилни комуникации во ЕУ, овозможувајќи им на милиони луѓе пристап до сигурна и отпорна поврзаност во оддалечените и недоволно покриените подрачја.

Со воведувањето на услугата во повеќе земји, Групацијата 4iG е на пат да стане еден од европските предводници во примената на услугите на Starlink Mobile.

Sovereign Solutions: Безбедни сателитски комуникации

Преку Sovereign Solutions, 4iG S&D и SpaceX ќе развијат интегрирана услуга со унапредени сателитски комуникации и целосно заштитена размена на податоци. Предвидена за воведување следната година, услугата ќе обезбеди широкопојасна поврзаност и безбедна суверена мрежна инфраструктура.

Групација 4iG

Групацијата 4iG е најголемата унгарска холдинг-компанија на пазарот на капитал, активна во областите на технологијата, инфо-комуникациите, дигиталната инфраструктура и вселенската и одбранбената индустрија, а нејзините акции котираат на Будимпештанската берза. 4iG го гради своето присуство преку интегриран пристап што опфаќа мрежи со висок капацитет, центри за податоци и меѓународна инфраструктура за пренос на податоци, технолошки системи, како и индустриски и одбранбени решенија, услужувајќи физички лица, деловни субјекти, државни институции и меѓународни клиенти. Со повеќе од 11.000 вработени, стратешката цел на Групацијата е преку долгорочни инвестиции, иновации и меѓународни партнерства да придонесе за дигиталниот, технолошкиот и индустрискиот развој на Унгарија и на регионот. www.4ig.hu

4iG Space and Defence Technologies Zrt.

4iG Space and Defence Technologies Zrt. (4iG S&D) е холдинг-компанија на Групацијата 4iG за вселенски и одбранбени технологии, која развива иновативни технологии со двојна намена за вселенската и одбранбената индустрија. Компанијата работи во пет стратешки деловни области: вселенски технологии, воздухопловство, копнени системи, оружје и муниција, како и кибернетика и дигитализација на одбраната. Нејзините активности во вселенскиот сектор ги опфаќаат проектирањето, производството и управувањето со сателити. Во областа на одбранбените технологии, 4iG SDT развива беспилотни летала и системи за заштита од дронови, копнени платформи, решенија за производство на оружје и муниција, како и современи кибернетички технологии и технологии за дигитализација. Нејзините системи го поддржуваат развојот на капацитети компатибилни со НАТО и ја зајакнуваат регионалната безбедност. www.4igsdt.hu

…

Related Posts

Фотографии – Македонија има дата центар уште од 2023 година: Еве како изгледа

31.08.2026
Дневен хороскоп: Некого го чека љубовна магија, а друг важна деловна пресвртница – што ви носи недела 30 август?

Дневен хороскоп: Некого го чека љубовна магија, а друг важна деловна пресвртница – што ви носи недела 30 август?

30.08.2026

Нападнат полицаец во Тетово – МВР интервенирала

29.08.2026

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

22.08.2026

Што ќе донесе новиот iPhone?

10.08.2026

ВЛЕН: ДУИ бега од прашањата за Артан Груби

09.08.2026

Препорачани Вести

Израел и САД се подготвуваат за можен судир со Иран, тајни консултации во Ерусалим

Нетанјаху до Ердоган: Османлиското владеење заврши, време е да се смирите

2 месеци ago
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Драма во Клиничката болница во Тетово: Скршил шалтер, повредил двајца вработени, па нападнал и полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Попладне нè очекува ново невреме: пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Радовиш: Уасени три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следуваат нови продолжени викенди: Еве ги датумите на следните неработни денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.