вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Што ќе се случува со платите во администрацијата – Еднаква плата за еднаква работа?

by Redakcija
14.09.2026
in Македонија

Министерството за јавна администрација започна петдневна TAIEX експертска мисија за воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор.

Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату. Во рамки на мисијата, експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го презентираат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор.

Минчев посочи дека во моментов постојат различни правила, процедури и практики меѓу институциите, што создава нееднаквости и го отежнува воспоставувањето единствени стандарди за вреднување на работата.

„Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот ‘еднаква плата за еднаква работа’ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“, порача Минчев.

Министерството работи на нова законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година. Неговото постепено и систематско спроведување, пак, е предвидено да започне во 2027 година.

Министерот нагласи дека целта не е механички да се преземе грчкиот модел, туку да се анализира неговото функционирање и да се изгради решение приспособено на институционалните, законските и финансиските услови во Македонија.

Според Министерството, воспоставувањето на поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати треба да придонесе за подобра контрола на јавните средства, поефикасно управување со исплатите и поквалитетни податоци за креирање јавни политики.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кривични пријави за проневера и злоупотреба: Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари

3 месеци ago
ТЕПАЧКА ПО СООБРАЌАЈКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Шест лица учествувале во физичка пресметка

Пријавил дека го ограбиле со пиштол, полицијата откри дека сè било измислено

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.